Информации корона вирус
Општина Неготино заедно во соработка со компанијата „ Хем Алијанс “ од Неготино но и останати компании кои претходно донираа, подготви нови 150 пакетчиња со прехранбени производи кои ќе бидат доделени на најранливите категории на граѓани од општината. PDF Печати
   Општина Неготино заедно во соработка со компанијата „ Хем Алијанс “ од Неготино но и останати компании кои претходно донираа, подготви нови 150 пакетчиња со прехранбени производи кои ќе бидат доделени на најранливите категории на граѓани од општината. Дел од истите денес беа поделени во населените места Црвени Брегови, Дуброво и Тимјаник.  На загрозени семејства кои живеат во близина на Куриски пат како и на Здружението на самохрани родители „ Надеж мит “ Неготино. Општина Неготино се заблагодарува на сите општествено одговорни компании кои несебично помагаат во овие тешки моменти во справувањето со Корона вирусот и воедно Ве информира дека и во следните денови ќе продолжи со активности за помош каде што е најмногу потребно.
Повеќе...
 
Дезинфекција на град Неготино PDF Печати

   Упатувам уште еднаш апел до сите граѓани на општина Неготино, 61 часовниот карантин за време на викенд да го почитуваме максимално, да се придржуваме до препораките и заедно да ја издржиме кризата!

Останете сите во добро здравје!

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе

Повеќе...
 
Листа на правни лица кои поднесоа пријава до општина Неготино и кои ќе можат да вршат достава до домашна адреса на територија на општина Неготино PDF Печати
Листа на правни лица кои поднесоа пријава до општина Неготино и кои ќе можат да вршат достава до домашна адреса на територија на општина Неготино и имаат дозвола за работа се следните субјекти:
Ресторани / Пицерии / Сендвичари :

1. Скара „Алф“
2. Ресторан „Балкански“
3. Ресторан „Софра Вељанов“
4. Ресторан „Галарија“ (Технички)
5. Скара „Дамес“
6. Скара „Кај шефот“
7. Скара „Матадор“
8. Пицерија „Ема“
9. Ресторан „Чардак“
10. Гостилница „ХИС СТЕФ“
11. Сендвичара „Бизи Бургер“

 Превозници :

1. Такси „Попан“
2. Такси „Таци“
3. Tакси „ХИТ“
4. Такси „Симона Ангела“

 Маркети / Колонијални продавници:

1. „Алеко“ Комерц
2. ТП „Симона“ Колонијал
3. „Кока“ маркети
4. „Рива“ маркети
5. „Рико Мак“
6. ДДВ „С-Ване“ Криволак
7. „Саше Комерц“ - Пепелиште
8. „Риком“ - Пепелиште
9. „Сања Горан“ Дооел - Пепелиште
10. „Травел Владе“ - Пепелиште
11. „Марба“

#ОстаниДома
#ЗаштитиСЕ
 
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!! PDF Печати
Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои не се  пријавени за добивање на дозволи преку ПЕ на МЗШВ тоа можат да го сторат до вечер (петок) до 20.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон до координативното тело на општина Неготино
Потребните податоци  за лицето кое се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на викендот се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4. дата и период на вршење на земјоделските активности
5.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
6.контакт телефон

Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.

Напомена:Пријавувањето е дозволено само за лица не постари од 67 години

Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:

078 484 970
070 370 555


Општинското координативно тело
 
Фирмата „Хем-алијанс“ донираше гелови за заштита и освежителни пијалоци PDF Печати

   Во пресрет на започнувањето на 61-часовниот полициски час, денеска и фирмата „Хем-алијанс“ од нашиот град реализираше донација која ќе биде распределена онаму каде што истата ќе се оцени дека е најпотребна. Имено, оваа фирма донираше 200 броја освежителни пијалоци во лименки, 200 броја вода и 10 гелови за заштита, за што општина Неготино упатува јавна благодарност. Оваа донација ќе биде наменета за полициските дежурни службеници од ОВР Неготино кои во наредните речиси 3 денови ќе се грижат за безбедноста на населението и почитувањето на полицискиот час,  во период до понеделник до 05,00 часот наутро до кога и ќе трае забраната за движење.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 13

Финансиски индикатор