ЕНПОЛ –ЕЕ
ОБЈАВУВАЊЕ НА СТАНДАРДЕН ОГЛАС ЗА ОТВОРЕНА ЛОКАЛНА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА PDF Печати
 Согласно Одлуката  на градоначалникот на  општина Неготино бр.05-508/1 од 27.09.2019 за утврдување на потреба од доделување на договор за набавка -НАБАВКА и   замена на уличното осветлување со LED технологија за енергетска заштеда и редукција на ЦО2,за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот ЕНПОЛ-ЕЕ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece –Republic of North Macedonia”, општина Неготино“ објавува  ЛОКАЛНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ (PRAG 2019) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија за Локален економски развој на општина Неготино–почнувајќи од 10.10.2019 година.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 11.11.2019 (понеделник) до 10.00 часот.
Сесијата на отварање, согласно инструкциите во тендерската документација е планирана  за ден 18.11.2019 во 10.00 часот.
Општина Неготино постапката  ја обајавува на веб страната на  општина  Неготино www.negotino.gov.mk , на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/,  на Биро за јавни набавки- огласи за меѓународни иснтитуции https://e-nabavki.gov.mk/Auth/Index#/international-donor-announcements?Category=2 ,како и во Службен весник на РСМ.
Контакт:
043-361-045
Повеќе...
 
Во Неготино се дегустрираше храна готвена на соларна енергија PDF Печати

   Голем број граѓани кои денеска беа присутни на градскиот плоштад имаа можност да ја посетат локацијата на која се готвеше храна на соларна енергија, а воедно и да пробаат од специјалитетите кои учениците ги подготвуваа. Имено, во организација на Здружението на граѓани Ековита, а во рамките на реализацијата на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на СОУ„Св. Кирил и Методија“ беше организиран еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија, а свопствените кулинарски вештини имаа можност да ги демонстрираат ученици од четири класа од неготинското средно општинско училиште. Тие на овој начин покажаа дека готвењето на храна може да биде и забавно, доколку тоа се прави на отворен простор и со користење на обновливи извори на енергија. Паралелно, со готвењето и дегустрирањето, локални компании кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија, се претставија со свои производи.

Повеќе...
 
Во четврток (19.09) на плоштадот во Неготино ќе се готви храна на соларна енергија PDF Печати

  Во рамките на спроведувањето на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на СОУ„Св. Кирил и Методиј“, во четврток на градскиот плоштад во Неготино во организација на Здружението на граѓани „Ековита“ ќе биде организиран еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија. Целта на одржувањето на настанот е сите заинтересирани присутни на лице место самите да можат да се уверат дека готвењето на храна може да биде и корисно и забавно доколку се користат обновливи извори на енергија. Како што информираат организаторите, во натпреварот учество ќе земат ученици 4 класа од неготинското средно училиште. Настанот ќе започне во четврток од 11 и ќе трае до 14 часот, а во тој период најнапред во 11 часот ќе биде неговото отворање и претставување на групите, по што во наредните 2 часа ќе се подготвуваат рецепти, а во исто време на плоштадот со свои производи ќе се претстават локални компании кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија. Пред самиот крај на настанот ќе биде доделена пригодна награда за најдобриот рецепт за учениците од СОУ„Св. Кирил и Методиј“

 
СОУ„Св.Кирил и Методиј“ промовирано во енергетски ефикасно училиште PDF Печати
   Во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката на животна средина“ се одржа вториот информативен настан на кој СОУ„Св. Кирил и Методиј“ беше промоворано во енергетски ефикасно училиште. Во своето обраќање пред професорите, учениците и останатите присутни гости градоначалникот на општина Неготино Тони Делков го сподели задоволството од успешно завршените работи кои во летниот период интензивно се спроведуваа и со чија реализација за прв пат после 25 години од започнувањето со работа на училиштето  се создадоа услови за промоција на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ како енергетски ефикасно училиште. Замената на постоечките прозорци со енергетски ефикасни, поставените панели соларни колектори, инсталацијата на цевки со автоматизација, на пумпи и бојлери, придонесе за значително подобрување на условите за непречено одвивање и следење на воспитно-образовниот процес за сегашните и идните генерации ученици кои овде се школуваат. Со интервенциите во спортската сала, која покрај учениците ја користат и бројни спортски екипи и рекреативци, се подобрени условите за спорт и рекреација во насока на создавање услови со здраво тело и здрав дух. Исто така, градоначалникот Делков јавно апелираше во наредниот период сите заедно да работат на изнаоѓање дополнителни средства за замена и на останатите прозорци и врати во ходниците и во холот на училиштето за целосно зајакнување на енергетската ефикасност. Присутните, но и пошироката јавност, беа информирани дека во рамките на истиот проект Енпол-ЕЕ за партнерот општина Неготино, во моментов се одвиваат интервенции за подобрување на енергетската ефикасност и во просториите на локалната самоуправа во зградата на општина Неготино, како и тоа дека општина Неготино ќе изврши замена на јавните светилки во градот и населените места со нови-лед технологија преку поставување на нови 1.410 штедливи светилки во цела општина. На информативниот ден свои обраќања имаа директорот на училиштето Драган Василев, координаторот на проектот Цветанка Ристова, беа дистрибуирани ЕЕ беџови и се одржа парада на учениците од училиштето до градскиот парк.
Повеќе...
 
Во петок (13.09) во Неготино ќе се одржи информативен ден во рамки на проектот ENPOL-EE PDF Печати

   Во петок на 13-ти овој месец општина Неготино и средното општинско училиште ќе бидат домаќини на вториот по ред информативен настан „Промоција на енергетски ефикасно училиште СОУ„Св. Кирил и Методиј“. Станува збор за проект енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката на животна средина, а настанот ќе се одржи во просториите на неготинското средно училиште во времето од 11,30 до 13,30 часот. Според агендата за работа, најнапред поздравно обраќање ќе има директорот на училиштето Драган Василев, за значењето и ефектите од проектот ќе говори градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, како и координаторот на проектот Цветанка Ристова. Во рамките на настанот ќе се дистрибуираат беџови за ЕЕ училиште со помош на 15 волонтери, ќе се изврши обиколка на училиштето со цел разгледување на извршената реконструкција, по што ќе следува парада на учениците на ЕЕ училиште СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од училиштето до зградата на општина Неготино и градскиот парк.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 6 од 10

Финансиски индикатор