ЕНПОЛ –ЕЕ
Се одржа третиот координативен состанок помеѓу партнерите од проектот „ЕНПОЛ-ЕЕ“ PDF Печати
   Во рамки на Програмата ИПА Прекугранична соработка ,,Грција-РСМакедонија 2014-2020” и проектот насловен како ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, со Акроним ЕНПОЛ -ЕЕ, од планираните 3 проектни средби од кои првата се одржа во општина Пелла -Грција27/28.12.2018, втората и третата координативна средба се одржаа во  општина Неготино.  Третиот координативен состанок се одржа помеѓу четирите проектни партнери (општина Пелла, општина Неготино, Јавна установа за култура и развој на општина Пелла и Средното општинско училиште,,Св.Кирил и Методиј”) и тоа во деновите среда(13.11.2019) во СОУ Кирил и Методиј и четврток (14.11.2019) во општина Неготино од 11.00 до 15.30 часот. Третата проектна средба опфати:-Официјална средба помеѓу претставниците на проектните партнери и претставници од Заедничкиот Секретарјат, Р.Грција, посета на институциите  кои се предмет на проект активностите-СОУ Кирил и Методиј и општина Неготино, се одржа презентација на проектот од сите четири проектни партнери и постигнувањата на проектот до одржувањето на третата координативна средба, а се дискутираше и за поставените цели и активности  за реализација до завршување на проектот..
 
Повеќе...
 
Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката за животна средина ENPOL-EE PDF Печати
Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката за животна средина ENPOL-EE

                              Општина Неготино, 13 ноември -14 ноември  2019
 
Појаснувања - Clarification No1.TD 508 PDF Печати
Појаснувања - Clarification No1.TD 508 (01.11.2019)
 
Се одржа инфо ден за „Важноста на енергетската ефикасност во заштитата на животната средина“ PDF Печати
   Во рамките на проектот Енпол-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка, општина Неготино го организираше вториот инфо ден кој ја обработуваше темата „Важноста на енергетската ефикасност за заштита на животната средина“. Проектната задача одговара на основното прашање, а тоа е како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетските политики во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигање на свеста на локалното население во врска со мерки на енергетска ефикасност. На инфо денот тим лидерот на проектот ги претстави реализираните активности во склоп на проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животна средина“, додека претставник на проектниот тим ги претстави конкретните мерки на локалните власти во општина Неготино и нивниот придонес за енргетска ефикасност и почиста животна средина. Одржаниот инфо ден е само една од многуте активности кои се спроведуваат во рамките на овој проект.
Повеќе...
 
ПОКАНА Втор Инфо Ден на тема:„Важноста на енергетската ефикасност во заштита на животната средина” Општина Неготино, 30.10.2019 г. (Среда) PDF Печати
Почитувани,
Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo го организира Вториот Инфо Ден кој ја обработува темата „Важноста на енергетската ефикасност во заштита на животната средина”.
Проектната задача одговара на едно основно прашање, а тоа е: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика во нивните територии, во една заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигање на свеста на локалното население во врска со мерки на енергетска ефикасност?
Инфо денот е само дел од многубројните активности кои ќе се одржат како дел од овој проект. Со таа цел Ве покануваме да присуствувате на Вториот Инфо Ден на тема „Важноста енергетската ефикасност во заштита на животната средина”, кој ќе се одржи на 30.10.2019 (Среда) во Општина Неготино, со почеток од 09:45 часот.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним„ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.
 
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 10

Финансиски индикатор