ЕНПОЛ –ЕЕ
Отворен повик ,,Награди за најдобри енергетски практики “ PDF Печати

Проект: “Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” CN1- SO2.1-SC025” Бр. 05-604
Предмет: Отворен повик ,,Награди за најдобри енергетски практики “  
Наградување на енергетско ефикасни објекти ,,Најдобри енергетски практики во домовите”  и  ,, Најдобри енергетски практики во локалните претпријатија”
Почитувани,
    Компанијата ,,О3 Инвест” преку проектот “Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” кој се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино со Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција, објавува отворен повик за ,,Награди за најдобри енергетски практики “.
Ги повикуваме сите локални мали и средни претпријатија како и домаќинствата да се вклучат во овој повик кој е наменет за избор на енергетски ефикасни објекти.  Апликантите треба да го пополнат прашалникот кој е во продолжение на овој повик. Копии од прашалникот може да се превземат во општинаската зграда.
Трите нај енергетски ефикасни домаќинства ќе добијат награда во против вредност од 200 евра, а три нај енергетски ефикасни компании ќе добијат награда во против вредност од 800 евра.
Апликациите треба да се поднесат најдоцна до 25.08.2020 на ел. пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или во печатена форма во Општина Неготино.
Со почит,
Марија Алексова
О3 Инвест                
Прашалник за домаќинства

Прашалник за компании

 
DEl. 4.3.2 Competitions for students in Pella and Negotino PDF Печати
https://enpolee.eu/2020/05/21/del-4-3-2-competitions-for-schools-students-in-pella-and-negotino/
 
Дислокација и поставување на нови мерно регулациони ормари за новото јавно ЛЕД осветлување PDF Печати
   Согласно проектот ЕНПОЛ-ЕЕ за замена на старите со нови улични ЛЕД штедливи светилки и вршењето на дислокација на автоматиката во посебни ормари, во општина Неготино во тек е поставувањето на ормарите надвор од објектите-трафостаниците во сопственост на ЕВН. Заклучно со вчерашниот ден поставени се 15 нови ормари од вкупно 42. На терен се работи и во наредните денови. Со поставувањето на опремата во овие ормари во иднина општина Неготино нема да има потреба, како што тоа беше случај досега, од асистенција од страна на ЕВН која се наплатува при одржувањето на уличното осветлување (независно одржување). Од друга страна, со поставувањето на елементи за автоматско вклучување и исклучување, независно од надворешните услови, според согледувањата на стручните служби во однос на сегашното вклучување и исклучување на јавното осветлување, се очекува заштеда на електрична енергија од 10 проценти.Со завршување на овие активности, практично ќе биде завршена и главната компонента од овој проект.
Проектот ЕНПОЛ-ЕЕ од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција до крајот од неговата реализација има и други активности во правец на промоција и подигање на јавната свест за важност од енергетската ефикасност и искористување на обновливите  извори на енергија.
Повеќе...
 
Старото улично осветлување го заменуваме со нови енергетско ефикасни ЛЕД светла PDF Печати

    Заменети се 596 улични светилки во населените места :
  Пепелиште
  Криволак
  Војшанци
  Дуброво
  Тремник
  Тимјаник
  Долни Дисан

Претходно 814 вакви светилки беа заменети во градската средина или вкупно 1410 на територија на цела општина Неготино.

Новите ЛЕД улични светилки се со 70% поголема енергетска ефикасност од старото неонско осветлување, што значи 70% заштета на потрошувачката за јавно осветлување

Ваквата инвестиција е дел од проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина“ со Акроним ЕНПОЛ -ЕЕ

#ЧекорПоЧекор

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 4 од 10

Финансиски индикатор