ЕНПОЛ –ЕЕ
Трет информативен ден во општина Неготино во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ PDF Печати
   Денес во општина Неготино се одржа третиот по ред информативен ден на тема „ Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во општина Неготино и прекугранична област “ во рамки на проектот ЕНПОЛЛ-ЕЕ- Општина Неготино.
Во рамки на спроведувањето на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животната средина “ планирано е одржување на 5 информативни денови на кои се очекува да се даде одговор на прашањето: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика на нивните теории, во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигнување на свеста на локалното население во врска со мерките за енергетска ефикасност !
Досега реализирани активности од овој проект е замената на 1410 стари улични светилки со нови лед во градот и населените места, дислоцирани се 42 мерачи и автоматски стандардизирани ормари надвор од субстаница на ЕВН. За подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда, заменети се постоечките прозорци и врати во канцелариите на локалната самоуправа, поставени се енергетско ефикасни светилки, старите радијатори заменети со енергетски радијатори, а поставена е и внатрешна термоизолација.
Инаку, проектот се реализира во партенерска соработка на Општина Неготино, СОУ „ Св. Кирил и Методиј “, општина Пела и Јавното претпријатие за култура и развој на Општина Пела – Република Грција .
Повеќе...
 
Инфо ден - „Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во Општина Неготино и во прегураничната област” PDF Печати

                              ПОКАНА
За учество на информативен ден – Општина Неготино

Почитувани,
    Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија” , во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo организира инфо ден кој ја обработува темата „Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во Општина Неготино и во прегураничната област”.
Биомасата има значително место во енергетскиот биланс на Република Северна Македонија. Биомасата особено е застапена во домаќинствата, со задоволување на 30–33% од вкупните потреби од енергија. Околу 430.000 домаќинства (76%) користат биомаса за затоплување. Од вкупната биомаса која што се користи за енергетски потреби, дрвото и дрвениот јаглен заземаат 80%.

Овој инфо ден е дел од повеќето планирани активности кои ќе се одржат како дел од овој проект. Со таа цел Ве покануваме да присуствувате на третиот инфо ден на тема „Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во Општина Неготино и во прегураничната област”, кој ќе се одржи на 07.10.2020 (Среда) во Хотел Памела, со почеток од 10:45 часот.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.

АГЕНДА

 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати
“Награди за енергетски ефикасни практики, најдобри енергетски ефикасни практики во домовите и локалните претпријатија
 
Се одржа „Тркалезна маса за политиката за животна средина“ PDF Печати
  Во рамките на реализацијата на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор за политиката за животна средина“ со акроним ЕНПОЛ-ЕЕ од страна на „Корпорацијата за јавна корист на културата и развојот на општина Пела“ беше организирана дводневна тркалезна маса за политиката за животна средина за двете земји учеснички Р.Грција и Р.С.Македонија. Тркалезната маса се одржа во Центарот за култура во Јаниница-Р.Грција на која преку видео-врска учество зедоа претставници од локалната власт, надворешни експертиза енергетска ефикасност со презентации за „Политиките за енергетска ефикасност во Р.С.Македонија“ и „Стратегијата за енргетска ефикасност на општина Неготино“,  претставници од општина Неготино, како и претставници од СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од нашиот град.
 
 
Повеќе...
 
Продолжување на Отворен повик „ Награди за најдобри енергетски практики“ PDF Печати
Продолжување на Отворен повик „ Награди за најдобри енергетски практики“
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 3 од 10

Финансиски индикатор