Wa-mbrella
Светски ден на вода 2019 PDF Печати

   Во рамки на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ (“wa-mbrella), кој е финансиран во рамките на ЕУ (ИПА) Програмата за прекугранична соработка со Грција, ЈП Комуналец Неготино во соработка со Општина Неготино и организаторот на настанот О3 Инвест, годинава на 22.03.2019 го одбележаа Светскиот ден на Водата.

 Во рамки на креативните активности беа изработени три графити од страна на познатиот артист Младен Трендевски. Графитите се изработени на ѕидовите на: ЈП Комуналец, Основното Училиште Гоце Делчев и Центарот за култура – Ацо Ѓорчев. Тие имаат за цел да го симболизираат светскиот ден на водата, како и моменталната состојба со недостиг на вода на светско ниво.
 На градскиот плоштад во Неготино се организираше музички хепенинг со времетраење од 18:00 до 21:00 часот на кој настапуваа локалните бендови: Бонгас енд гитарс, Бадасал, Епидемија и Смајл, а настанот го затвори ДЈ Алекс. Помеѓу нивните настапи, модераторот ги презентираше главните цели на проетктот, како и причините за одбележување на овој ден на светско ниво.

 За промоција на овој настан беа изработени два билборда кои беа поставени на влезот на Неготино и на бината. Настанот беше објавен во повеќе медиуми и беше сниман од локалната телевизија КТВ.

Повеќе...
 
Светски ден на водата PDF Печати

  Проект ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella),
Во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ (”wa-mbrella), кој е финансиран во рамките на ЕУ (ИПА) Програмата за прекугранична соработка со Грција, ЈП Комуналец Неготино во соработка со Општина Неготино и организаторот на настанот О3 Инвест, годинава го одбележуваат Светскиот ден на Водата и во Неготино.
Настанот предвидува организација на музички хепенинг и други уметнички креативни активности кои ќе се одржат на 22 март од 18:00 до 21:00 часот на Градскиот Плоштад во Општина Неготино.
Светскиот ден на водата, кој се одржува на 22 март секоја година, се фокусира на огромната важност на водата. Овогодинешната тема, „Не оставаме никој зад себе“, го адаптира централното ветување од Агендата за одржлив развој од 2030 година, која вели дека како што напредува одржливиот развој, сите треба да имаме бенефит.
Една од најважните цели на Агендата за одржлив развој е кристално јасна: вода за сите до 2030 година. По дефинција, тоа значи дека не оставаме никој зад себе. Но денес, милијарда луѓе сеуште живеат без вода – нивните домаќинства, училишта, работни места, фарми, и фабрики се борат да преживеат и да успеат. Маргинилизираните групи – жени, деца, бегалци, лицата со посебни потреби и многу други – се често занемарени и понекогаш дискриминирани во нивните обиди да дојдат до пристап до чиста вода која им е потребна.
Овој светски ден на вода, 22 март, се однесува на справување на кризата со водата со адресирање на причините зошто толку многу луѓе се занемарени.
На настанот ќе настапуваат следните групи:

1. Бонгас енд гитарс
2. Смиле
3. Бадасал
4. Епидемија
5. ДЈ Алекс

На овој ден ќе бидат промовирани трите графити кои се изработени од страна на познатиот артист Младен Трендевски, кои го симболизираат Светскиот ден на водата, како и моменталната состојба со недостиг на вода на светско ниво.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан и заедно да го одбележиме овој ден.

 
ОДРЖАНА ВОВЕДНА СРЕДБА (KICK OFF MEETING) ВО АРИДЕА-ОПШТИНА АЛМОПИА ГРЦИЈА PDF Печати
    На 17 и 18 Март 2019 проектните тимови од Општина Неготино-Партнер 2 и од ЈП,,Комуналец Неготино-Партнер 4,присуствуваа на прва работна средба во Аридеа- општина Алмопиа во Грција.Истата е дел од проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella),од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020. Проектните активности се реализираат за секој партнер посебно, но севкупна координација меѓу сите партнери е задолжителна   и за таа цел на средбата  најпрво на 17.03.2019 беше формиран Заеднички Управувачки Комитет кој го сочинуваат по 2 члена од секој од партнерите. Се разговараше околу дефинираните обврски на ченовите на  Управувачкиот Комитет на секој од партнерите и истиот беше потпишан на 18.03.2018.Генерални теми кои се дискутираа на средбата  за сите 4 партнери беа:Презентација на проектот во целост ,Развој на комуникациски план кој е обврска на водечкиот партнер-општина Алмопиа и кој што се очекува наскоро да биде подготвен и доставен до сите партнери .Истиот покрај другото  ќе ги опфати пред се таргетираните страни кај сите 4 партнери за времетраење на проектот и потоа.Важен дел од средбата беше разгледувањето на фазите на напредокот на проектот со посебен осврт на сите партнери. Во овој правец беше информирано дека општина Неготино покрај сите администртивни процедури и отпочнати тендерски постапки ги  одржа првите 2 информативни денови за земјоделците, а ЈП,,Комуналец дека е во фаза на подготовка на настанот,,Светски Ден на водата,,кој ќе се одржи во општина Неготино на 22 Март.Беа договорени заедничките активности од проектот кои ја одрзуваат прекуграничната соработка и во овој дел заклучокот беше дека Водечкиот партнер-општина Алмопиа , како одговорен во овој дел потребно е да ги забрза  дел од активностите со цел непречено истите да се спроведат и од страна на  општина Неготино и од страна на ЈП,,Комуналец,,.Се поставија рокови  и задолженија за следните 3 месеци и беше договорено сите 4 партнери да ги почитуваат зададените рокови.Најсуштински компоненти од договореното за Партнер 2 општина Неготино е во следните 3 месеци да ја спроведе тендерската постапка за изградба на колекторски дел (цевковод) за поврзување на канализациониот систем Тимјаник–Неготино, а додека за партнер 4 ЈП,,Комуналец,, да се спроведе тендерската постапка за набавка на геозвучни мерачи и детектори на загуба на водата за пиење.Средбата заврши со предлог период за одржување на следната техничка средба планирана да се одржи во Неготино во месец Јуни.
Повеќе...
 
Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint PDF Печати

Aridea,March 17th- 18th2019

 

Повеќе...
 
Втор информативен ден за земјоделците од општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“wa-mbrella, денеска во Неготино се одржа вториот информативен ден за земјоделците од вкупно  планираните шест информативни денови во рамките на проектот. Клучниот експерт за води и биодиверзитет Ѓоко Зороски имаше излагање за управувањето со водите на национално ниво со осврт на влијанијата врз квалитетот на водата како резултат од земјоделските активности, експертот за хидрологија Атанас Угрински изврши претставување на расположливите водни ресурси во општина Неготино, додека експертот за земјоделски науки м-р Апостол Чугунцалиев говореше за добрите практики за наводнување на полињата и користа на земјоделците од нивната примена. На денешниот втор информативен ден Чугунцалиев имаше излагање и за добрите практики за употреба на заштитни средства за културите и презентација на заштитни средства за органско производство, за на крајот клучниот експерт Ѓоко Зороски пред присутните да ги презентира заклучоците со што и заврши вториот информативен ден за земјоделците.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 8 од 10

Финансиски индикатор