Соопштенија
Соопштение до јавноста PDF Печати

Општина Неготино ja известува заинтересираната јавност дека е доставен Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Урбанистички план вон населено место м.в.„Раткин дол“ за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од кп.бр.1086/1 КО Неготино, Општина Неготино за плански период 2011-2021    ,која е достапна за увид од 15-12-2011 година до  16.01.2012 година во просториите на Општина  Неготино , ул.Ацо -Аџи Илов " 2, Неготино  секој работен ден од  08,00 do 16,00 часот.
По увидот заинтересираните граѓани ,невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата во писмена форма до одговорното лице за контакт во Општина Неготино до 16-01-2012 година.
Во општина Неготино може да го најдите Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ м.в.„Раткин дол“ за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од кп.бр.1086/1 КО Неготино, Општина Неготино ,плански период 2011-2021 е Општина Неготино,исто така  и на  општинската веб страница www.negotino.gov.mk.
Нa 16.02.2012 година ќе се одржи јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во просториите на општина  Неготино во 13 часот

 Извештај за стратегиска оцена на животната средина на Урбанистички план вон населено место м.в.„Раткин дол“ за изградба на сончеви фотоволтаични централи

 Контакт лице:
Лилјана Нечева
Општина Неготино
Ул."Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино
Tel. 043/361 045 lok. 028

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Општина Неготино

Соопштение до јавноста

Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека е доставен Нацрт- Извештајот за Сратегиска оцена на животната средина за Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво и КО Тремник во Општина Неготино  со тех.број 08-39 од 01-11-2011година Скопје.
Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена  е достапен за увид од 08-11-2011 година до.09-12-2011година во просториите на Општина Неготино ,ул.,,Ацо-аџи –Илов ,, бр.2  Неготино , секој работен ден од 08-.00 до 16.00часот.
    
По увидот , заинтересираните правни и физички лица ,невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Извештајот во писмена форма до одговорните лица во Општината Неготино до 09-12-2011година.

Во општина Неготино, може да го најдете Нацрт-Извештајот за за Сратегиска оцена на животната средина за  Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво и КО Тремник во Општина Неготино, исто така и на општинската web страна www.negotino.gov.mk
Нa 25-11-2011 година  ќе се одржи јавна расправа по извештајот за стратегиската оцена на животната средина во просториите на Општина Неготино во 12 часот.  

Нацрт-Извештај  за Стратегиска оцена на животната средина за  Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво и КО Тремник во Општина Неготино

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 24 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10 и 18/11год.)   Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното

                                  С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот Нацрт Детален Урбанистички план  за Урбана заедница 8-2 Неготино Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање    на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По   Нацрт Детален Урбанистички план  за Урбана заедница 8-2 Неготино   Општина Неготино, со  проект тех. број 106/11 од 2011год., изработен од  А.Д. за урбанизам, проектирање и инжинеринг ,, ЗУМ,, Скопје .
     Нацрт Детален Урбанистички план  за Урбана заедница 8-2 Неготино   Општина Неготино, со  проект тех. број 106/11 од 2011год., изработен од  А.Д. за урбанизам, проектирање и инжинеринг ,, ЗУМ,, Скопје ,  е утврден од Советот на Општина Неготино на  седница  одржана на 01-11-2011   год.

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   08-11 -2011 до    22-11-2011 год.  секој работен ден од 08до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  17-11 -2011  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 24 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10 и 18/11год.)   Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното

                                  С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в. Раткин дол  Општина Неготино,   дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање    на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По   Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в.Раткин дол  Општина Неготино, со  проект број 62/11 од 2011год., изработен од  Друштво за градежништво, трговија и производство ,,Прекан проект,, Прилеп.
       Нацрт-  Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в.Раткин дол  Општина Неготино, со  проект број 62/11 од 2011год., изработен од  Друштво за градежништво, трговија и производство ,,Прекан проект,,  е утврден од Советот на Општина Неготино на    седница  одржана на 01-11-2011   год.

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   07-11 -2011 до    21-11-2011 год.  секој работен ден од 08до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  17-11 -2011  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.
 
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ ФОНД ЗА МИКРО–ПРОЕКТИ PDF Печати

Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман„ – Истражувачка асоцијација (БИМ-ФВ) е основан како дел од Универзитетот во Виена со примарна цел за спроведување независни истражувачки активности во полето на човековите права, обуки и советувања.  

Главен фокус на активностите на БИМ-ФВ во Македонија е спроведување на проектот „Социјална инклузија и човековите права во Македонија„ во согласност со пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП). Овој проект се спорведува во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија (МТСП) и одбраните партнерски општини, а истиот е финансиран од Австриската агенција за развој (АДЦ). Основна цел на проектот е поддршка на пристапот заснован на човековите права во намалувањето на сиромаштијата и социјалната исклученост преку негово спроведување во процесот на креирање на стратегиите за социјална инклузија и социјална заштита на локално, регионално и национално ниво.

За таа цел, беа спроведени неколку обуки за локалните лидерски групи од Неготино, Липково, Берово/Пехчево, Радовиш/Конче и Студеничани/Чашка - составени од претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и деловниот сектор. Важноста на обуките се состоеше во запознавањето на учесниците со меѓународната и национална правна рамка за човекови права во Република Македонија, можностите за  идентификација на социјално ранливите и маргинализирани групи на граѓани, принципот на еднаквост и недискриминација, како и потребата од почитување на прогресивната реализација на човековите права, вклученоста на граѓанското општество и јакнењето на одговорноста на сите нивоа на власта.  

Со цел пак да се акцентираат најчестите проблеми со кои се соочуваат социјално ранливите и маргинализирани групи на граѓани, да се направи преглед на нивните потреби и да се предложат соодветни решенија кои би биле вклучени во стратегиите за социјална инклузија и социјална заштита на локално ниво, беа организирани и неколку фокус групи во секоја од горенаведените општини.

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ  ФОНД ЗА МИКРО–ПРОЕКТИ
 
Соопштение до јавноста PDF Печати

С О О П Ш Т Е Н И Е
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА дека Градоначалникот на општина Неготино донесе Одлука за оганизирање на:

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

1. По  Предлог-Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место  КО Дуброво и КО Тремник во Општина Неготино  со тех.број 143/11 .Планскиот опфат е 224.07 ха .

Предлог на планот со графичките прилози ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од 26.10.2011 год. секој работен ден од 08до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Плановите може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на  Општина Неготино .
Јавна презентација на Предлог на плановите ќе се одржи на  31.10.2011 год. во големата сала на Општина Неготино во 12 часот.   

Повеќе...
 
О Д Л У К А PDF Печати

Врз основа на член 13, 17, 24-a и член 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11) и Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на Општина Неготино за 2011 година, Советот на општина Неготино  на   седницата   одржана   на  31.08.2011 година  расправајќи по   иницијативата  за отпочнување на постапка за изработка на  Урбанистички план вон населено место КО Дуброво Општина  Неготино ја донесе следната

                   О Д Л У К А

    1. Советот на Општина Неготино ја прифаќа  иницијативата  на ИГМ ТРЕЈД Илија и др. ДОО Кавадарци за отпочнување на постапка изработка-проширување на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво  Општина  Неготино .
    2. Се задолжува општинската администрација да ги изврши сите подготвителни  работи за отпочнување на постапка за изработка- проширување на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво- Општина Неготино ( кп.бр.249, кп.бр248 кп.бр247 кп.бр246 кп.бр250/4 кп.бр245 кп.бр244 кп.бр243 кп.бр242 кп.бр478-дел кп.бр255-дел кп.бр256-дел кп.бр257 кп.бр258 кп.бр259 кп.бр260-дел кп.бр263-дел кп.бр231/1 кп.бр231/2 кп.бр230/2 кп.бр1049 кп.бр1050 кп.бр1051 кп.бр1044 кп.бр1029 кп.бр1028 кп.бр1048-дел кп.бр1042-дел кп.бр1021-дел кп.бр1027/1 кп.бр1018 кп.бр1013 кп.бр1012 кп.бр1009 кп.бр1043 кп.бр1016)  за Индустриски комлекс –Железара за производство на топловалан и ладновалан челик преку фази на собирање, обработка и топење на челичен отпад, континуирано лиење на челик, добивање на топловалани лимови, преработка на топловалани во ладновалани лимови, поцинкувани лимови,поцинкувани и пластифицирани лимови.
    3. Трошоците за изработка на планот ќе паднат на товар на барателот.
    4.Со денот на влегување на сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката бр.07-417/5 од 08.08.2011 година за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво.    
    5 Ова одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во ,,Службен гласник на општина Неготино,,.   

 

 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
Во организација на општина Неготино и Сојузот на училишни спортови и оваа година во чест на 8-ми Ноември ќе се одржат традиционалните трки низ улиците на градот. За прв пат годинава ќе се одржи и трка за сениори на која учество можат да земат лица над 18 години без лимит за старосната граница. Исто така, новина е и тоа што за прв пат низ улиците на Неготино ќе се одржи и трка со ролери. Сите заинтересирани своето учество можат да го пријават кај Андон Сотировски или на телефон 071-249-192 најдоцна до 04.11.2011 г.( петок ).
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
Градоначалникот и Советот на општина Неготино, ги известуваат сите граѓани на општина Неготино дека по повод одбележувањето на празникот на градот - 8 Ноември, оваа година традиционално по трет пат се организира турнир во табла “Неготино 2011”, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември 2011.Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Учеството на турнирот е бесплатно, а наградите за најдобрите ги обезбедува општина Неготино.
Пријавувањето за учество на турнирот е кај лицето Александар Донов, зграда на Собранието на општина Неготино, IV кат, соба 38, најдоцна до 5 ноември 2011 год., или на телефонскиот број 072/320-842.
Исто така, своето учество на турнирот заинтересираните граѓани можат да го пријават во угостителските објекти: кафе бар “Јоко” и сендвичара “ИВА”.
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати


Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.05/2002), член 79 став 1 точка 50 од Статутот на Општина Неготино (“Сл.гласник на Општина Неготино” бр.3/06 , 2/2011 и 6/2011) и член 4  од Одлуката за формирање на Општински совет за превенција од малолетничко престaпништво, Советот на општина на седницата одржана на ден 03.10.2011 година,  објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за предлагање  на кандидати за членови   на  
Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на  oпштина Неготино.

 

 

Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати



Врз основа на член 115-ј од Статутот на Општина Неготино  (Службен гласник бр. 3/06, 2/2011 и 6/2011) Советот на општина на седницата одржана на ден 03.10.2011 година,  објавува

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ
НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 Следно > Крај >>

Лист 33 од 34