Соопштенија
Апел до моторизираните граѓани од општина Неготино во пресрет на панаѓурот PDF Печати
   Во пресрет на одржувањето на тридневната манифестација „Неготински панаѓур-2019г.“ најголема и најпосетена во Република Македонија и со традиција подолга од 6 децении, како и другите настани како „Неготинска вечер“ и „Манастирска вечер“, од локалната самоуправа Неготино се апелира до граѓаните на општината доколку тоа не е неопходно, во деновите од панаѓурот да не излегуваат со своите возила. Ова од причина што годинава панаѓурот се одржува во деновите од викендот и во понеделник, при што се очекува масовна посетеност на граѓани од други општини од нашата држава, па со цел да бидеме добри домаќини на овој настан, потребно е да ослободиме простор за паркирање на возилата на посетителите што ќе доаѓаат од страна. Токму затоа се замолуваат граѓаните во деновите кога се одржува Неготинскиот панаѓур ( 21,22 и 23-сабота, недела и понеделник )да се воздржат од излегување со автомобили. Исто така, се информираат граѓаните, од утревечер (четврток 19.09) па се до завршувањето на панаѓурот во понеделник, да не ги паркираат своите возила долж улиците Јане Сандански, Ацо Аџи Илов и на градскиот пазар, односно во централното градско подрачје. Имајќи предвид дека деновите од панаѓурот се денови за другарување, забава и релаксација, се апелира до граѓаните на Неготино уште еднаш, како и многупати до сега, на дело да ја демонстрираат својата гостопримливост и да дадат сопствен придонес општина Неготино да биде добар домаќин и добар организатор на годинашниот Неготински панаѓур. Од име на локалната самоуправа, на сите граѓани од неготинска и од соседните општини, како и на сите посетители кои ќе присуствуваат во нашиот град, им посакуваме да поминат пријатни моменти за времетраењето на Неготинскиот панаѓур.
 
Седница на Совет на општина Неготино 19.09.2019 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесеттата     редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во Кабинетот на градоначалникот на општина Неготино на ден 19.09.2019 година   (четврток ) во  14,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

                                            Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот  извештај  за работа на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј,, Неготино за учебната 2018-2019 година
2.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на СОУ ,,Св Кирил и Методиј ,, Неготино за учебната  2019-2020 година
3.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООМУ ,,Владимир Арсовски ,, Неготино за учебната 2018-2019 година
4.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООМУ ,,Владимир Арсовски ,, Неготино за учебната 2019-2020 година
5.    Предлог- Решение за разрешување на член на УО на ООМУ ,,Владимир Арсовски,, Неготино   
6.    Предлог-  Решение за разрешување и именување член на УО Здравствен дом ,,Неготино,, Неготино
7.    Предлог- Заклучок за усвојување на кварталниот извештај на буџетот на општина Неготино за периодот 01.04.2019- 30.06.2019
8.    Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Неготино
9.    Предлог- Решение за доделување на финансиски средства
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                    С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог планот -  ДУП за Урбана заедница 7, дел од Урбан блок 7.2, општина Неготино  (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“)


Граници на опфатот сe: на северосток, северозапад и запад  граничи со улица„Партизанска“, а на југоисточната страна со улица „Даме Груев“.
Опфатот е со површина  од  4,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот -  ДУП заУрбана заедница 7, дел од Урбан блок 7.2, општина Неготино  (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“), со технички број  број  56/18 од  септември, 2019 година, изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“  ДООЕЛ  Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  20.09.2019 година  до 03.10.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  25.09.2019 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.
 
 
Поради дефект на главниот цевковод, на 16.09. од 10 до 14ч. ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Печати
   Од  Јавното претпријатие „Комуналец“ ги информираат потрошувачите на вода од Неготино дека поради дефект на главниот цевковод Ф 315, денеска (понеделник 16.09.2019г.) во периодот од 10,00 до 14,00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на локалното комунално претпријатие се на терен и работата на отстранување на дефектот, по што ќе дојде до стабилизирање на водоснабдувањето.
 
Наредната недела(13 и 14.09) започнува распределбата на тезги за Неготинскиот панаѓур PDF Печати
   Општина Неготино ги информира сите заинтересирани правни и физички лица дека од наредната недела, на 13 и 14 септември (петок и сабота) ќе се врши распределба на тезгите за Неготинскиот панаѓур на постојаните корисници на местата за поставување на тезги, за што тие треба да имаат и да достават потврда од минатогодишниот панаѓур. Останатите слободни места за тезги ќе се распределуваат на 16 септември (понеделник) до салата за состаноци на општина Неготино на приземјето на зградата. Исто така, се информираат заинтересираните угостители дека до локалната самоуправа треба да достават тековна сметка, санитарна книшка за лицето кое работи со храна, барање за користење на простор и уплатница од 400 денари за потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство.
 
СООПШТЕНИЕ! PDF Печати
   Им се соопштува на месното население од општините кои гравитираат околу Армискиот Полигон Криволак во период од 01.09.2019 до 30.09.2019 година, во реоните на Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи, Тубре, Бел Камен, Козарник, Џидимирци, Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџи Хамзали, Кавлик Алајка, Кур Тепе, Штрклево, Енешево, ќе се извршуваат вежбовни боеви активности.

Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства, кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП Криволак или СВР Штип, ПС од ОН Неготино - ПС од ОН Кавадарци и ПС Градско.

Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно обележани согласно со Законскиоте прописи во АРМ, како и обезбедени со физички обезбедување.

Однапред благодарност за соработката.

 
Седница на Совет на општина Неготино 30.08.2019 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и деветтата      редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 30.08.2019 година   (петок ) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот 


Д Н Е В Е Н   Р Е Д 

1. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година 
2. Предлог-  Одлука за давање согласност на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици  
3. Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици  
4. Предлог- Одлука за давање согласност на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици  
5. Предлог –  Одлука за давање согласност на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино за формирање на групи со поголем број на деца   
6. Предлог- Одлука за одобрување на Договор за заем број: 8902-МК, Договор за грант број : МК/ССИП 2.1.1.2 за Проект  за подобрување на социјални услуги 
7. Предлог- Одлука за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште на КП бр. 8539, КП бр. 8665/2 и КП бр. 9059/1 КО Неготино 
8. Предлог- Одлука за оттуѓување на движни ствари сопственост на општина Неготино    
9. Предлог – Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Неготино  
10. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот  извештај  за работа на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за учебната 2018-2019 година
11. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино за учебната  2019-2020 година
12. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за учебната 2018-2019 година
13. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за учебната 2019-2020 година
14. Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за финансовото работење на ЈП Комуналец Неготино за периодот 01.01.2019- 30.06.2019 година  
15. Предлог- Решение за давање согласност на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ,,Фемо Кулаков,, Неготино и Пречистен текст од Статутот на ЈОУДГ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
16. Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
17. Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработувањее за 2020 година на општина Неготино 
18. Предлог – Решение за давање на согласност на Правилникот за составот и начинот на работа на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериумите за прием на деца во ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
19. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
20. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
21. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства 

 
Поради дислокација на водоводот, ќе има прекини во водоснабдувањето PDF Печати
   Од ЈП Комуналец ги информираат граѓаните на општина Неготино дека поради дефект на потисниот цевковод, а воедно и вршење негова дислокација, во наредниот период, а почнувајќи од 26.08.2019 година ќе има прекини во водоснабдувањето за граѓаните на Неготино, Криволак, Тимјаник и армискиот полигон Криволак. Прекините ќе бидат во зависност и според динамиката на работите кои ќе се изведуваат на Пепелишкиот мост, а од Комуналец апелираат до граѓаните за разбирање за новонастанатата ситуација и на рационално трошење на водата за пиење
 
О Г Л А С За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди PDF Печати
Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-413/1 од 20.08.2019 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

                                                   О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди


1.    Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.900 м.кв. за период од 05.09.2019 до 25.09.2019 година.
2.    Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 12.600,оо денари од ден за вкупната површина.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари.
3.    Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 26.08.2019 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4.    На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.


                                Општина Неготино
                            Комисија за јавно наддавање
 
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Печати
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува:

                                                                  Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
                                                                                  до
                                                евидентирани невработени лица за вклучување во
                                                      Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Ангажирање на образовни и лични асистенти на деца со попреченост вклучени во редовна настава и асистенти на воспитувачи во групи за предучилишна возраст во рурални средини” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделноза период од 9 (девет)месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ PDF Печати
ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка    и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во Општина Неготино во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект)
 
Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ПУСУ Проект) кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предучилишна возраст, Општина аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.
Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предушилишна инфраструктура Министерството за труд и социјална политика и Општината Неготино,  организираат  јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx) и на Општина Неготино (http://negotino.gov.mk//).
Јавна расправа организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Неготино ќе одржи  на ден 08.08.2019 година со почеток во 11 часот во просториите на Општина Неготино (Сала на Совет).
Вашите коментари во однос на  реализацијата на проектот и документот може да ги доставите во рок од 14 дена по одржување на јавната расправа до Наташа Тасевска Стојановска  на  следнава меил адреса  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Министерството за труд и социјална политика

 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 17 од 34