Соопштенија
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                 С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела согласно општ акт за село Пепелиште, на КП 1323, 1324, 1325/1-дел и КП 1322/2-дел, КО Пепелиште, Општина Неготино


Граници на опфатот сe: од северозападната страна граничи со регионален пат Р 1103 (Р107), од североисточната, источната и јужната страна граничи со постоечки улици кои се дефинирани и во општиот акт за село Пепелиште, а од западната страна граничи со катастарска парцела број 1325/2. Пристап во парцелата е обезбеден од источната страна (улица 1) и јужната страна (улица 2).
Опфатот е со површина  од  2039m2.
Јавната анкета и јавната презентација за aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела согласно општ акт за село Пепелиште, на КП 1323, 1324, 1325/1-дел и КП 1322/2-дел, КО Пепелиште, Општина Неготино, со технички број  04-527/2019 од  декември  2019 година , изработен од „ПАРАМЕТАР“  дооел Скопје ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  14.01.2020 година  до 20.01.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 14.01.2020 година  во  12:30 часот во просториите на општина Неготино.
 
Седница на Совет на општина Неготино 30.12.2019 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесетти и третата    редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 30.12.2019 година   (понеделник) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот

                       Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог-  Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2020 година
3.    Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2020 година  
4.    Предлог- Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во  2020 година
5.    Предлог –  Програма за култура, спорт и подршка на здруженија и фондации во 2020 година во општина Неготино
6.    Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2020 година
7.    Предлог- Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2020 година
8.    Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2020 година
9.    Предлог- Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2020 година  
10.    Предлог- Буџет на општина Неготино за 2020 година
11.    Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготина за 2020 година
12.    Предлог – Буџетски календар за 2020 година
13.    Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година  
14.    Предлог - Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на јавните службеници даватели на услуги и директорот на ЈОУДГ Фемо  Кулаков Неготино за 2020 година
15.    Предлог- Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
16.    Предлог – Решение за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување за 2020 година на ООУ  ,,Гоце Делчев ,, Неготино
17.    Предлог-  Мислење по однос на Статутот на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино
18.    Предлог- Мислење по однос на Програмата за изведување на екскурзии за учениците од ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино
19.    Предлог -  Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење ,,НЕГОТИНО,, Неготино за 2020 година
20.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
 
О Д Л У К А За избор на кандидати за вработување на 4 (четири) пожарникари - спасители по пат на јавен оглас PDF Печати
О Д Л У К А За избор на кандидати за вработување на 4 (четири) пожарникари - спасители по пат на јавен оглас
 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 18.12.2019 година PDF Печати
Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е   За свикување на шестатта    вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 18.12.2019 година ( среда)  во 14.00  часот.
За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н      Р Е Д


1.    Предлог –  Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
2.    Предлог – Одлука за измена на Одлуката за издавање на гаранција за задолжување на ЈПК Комуналец Неготино за кредитно задолжување пред деловни банки за финансирање на превземени обврски по проект ,, Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина – Набавка на возило систем CHANNEL- JET за отпушување на канализациони системи и јамиза
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ СПИСОК НА НЕДОСТАВЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА ЗА 2019 ГОДИНА PDF Печати
ИЗВЕСТУВАЊЕ СПИСОК НА НЕДОСТАВЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА ЗА 2019 ГОДИНА
 
Еколошка акција "Администрацијата чисти" утре (Сабота) 14.12.2019 Со почеток од 0️9️ часот PDF Печати

   Еколошката акција, „Администрацијата чисти" во Неготино ќе се одржи на две соседни локации во градот и тоа - околината под Хотел "Парк" и паркот на СРЦ "Младост"  За сите вклучени во акцијата обезбедена е и соодветна опрема- ракавици, ќеси (за отпад и пластика), маски.

 

 
ОБЈАВА 05/2019 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино PDF Печати
ОБЈАВА 05/2019  за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино
 
П Р А В И Л Н И К За критериумите за селекција на кандидати за вработување во ТППЕ Неготино за работното место Пожарникар спасител – возач на специјално возило PDF Печати
П Р А В И Л Н И К За критериумите за селекција на кандидати за вработување во ТППЕ Неготино за работното место Пожарникар спасител – возач на специјално возило
 
ОБЈАВА 04/2019 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино PDF Печати
ОБЈАВА 04/2019 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино
 
JАВЕН ОГЛАС за вработување бр.2/2019 PDF Печати

Врз основа на чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РСМ бр.62/05,106/08,161/08,114/09,130/09,149/09,50/10,124/10,47/11,11/12,39/12,13/13,25/13,170/13,187/13,113/14,20/15,33/15,72/15,129/15, и член 14 , член 20 и член 21 став 2  од Законот за вработените во  јавниот сектор (Сл.весник на РСМ бр.27/14,199/14,27/16 и 35/18, и Правилникот за систематизација на работните места во општина Неготино бр.09-89/1 од 29.02.2016г. , бр.09-171/1 од 15.05.2017г.,бр.09-208/1 од 06.06.2016г., бр.09-134/1 од 07.04.2016г., бр.09-171/1 од 15.05.2017г., бр.04-147/1 од 12.03.2018г., Градоначалникот на општина Неготино објавува:
                                                                 JАВЕН ОГЛАС
                                                     за вработување бр.2/2019


I.Територијална противпожарна единица на општина Неготино има потреба од вработување на 4 (четири) лица на работно место: Пожарникар спасител – возач на специјално возило од категоријата друго помошно-технички лица, шифра УПР 0402Б14000.
Посебни услови:
Степен на завршено образование: IIIстепен или IVстепен на завршено средно образование
Вид на завршено образование: Средно образование - противпожарен техничар или Средно образование од друга насока и образование за противпожарен техничар
Возачка дозвола:Б и Ц категорија
Работно искуство: со или без работно искуство

II.Kaндидатот за работното место треба да ги исполнува општите услови:
-    да е државјанин на Република Северна Македонија;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

III.Распоред на работното време:
Дневното работно време за огласеното работно место се организира зависно од потребите на работодавачот , а во рамките на 40 часовното неделно работно време.

IV.Основната нето плата изнесува:  15.500,oo денари.

V.Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од архивата на општина Неготино или од веб страницата: www.negotino.gov.mk . Пополнетите пријави, заедно со прилозите,кандидатите може да ги достават лично во архивата на општина Неготино или по пошта на адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар. Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на општина Неготино.
VI.Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојност на податоците и доставените докази за јавниот оглас.
VII.Кандидатите кон пријавата треба да приложат:
-доказ за завршено образование,
-доказ за работно искуство,
-доказ за општа здравствена способност за работното место
-доказ дека не му е изречена забрана за вршење на професија , дејност или должност.
VIII.Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 7(седум) дена од денот на објавување на огласот.

 

ОБРАЗЕЦ НА ПРИЈАВА

 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 27.11.2019 година PDF Печати
                                 Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на петтата    вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 27.11.2019 година ( среда)  во 13.00  часот.
За седницата го предлагам следниот

                                  Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог –  Одлука за давање согласност од Советот на општина Неготино за подршка на проект
2.    Предлог – Одлука за давање согласност на Правилник за измена и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
3.    Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за начелата на внатрешна организација на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
4.    Предлог- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 15 од 34