Соопштенија
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Печати
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 02.06.2022 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К до
евидентирани невработени лица за вклучување во 
Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Иновативни социјални услуги во пштина Неготино”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.
Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)           
- млади лица до 29 години
-  лица постари од 50 години
- невработенилицанакоиимпрестаналработниотодносвопериодотнаКоронавирусот COVID -19
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство
-лица со попреченост
-  жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници
- лица припадници на ромската етничка заедница
- лица на кои им е решен статусот со лична документација
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на 
-Работно место 1: Образовен асистент во СОУ св.Кирил и Методиј
Позиции за работно место 1:   4
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: 
-Лицето треба да е с о високо обравание – Филозофски факултет, Природно математички,Музичка,ликовна академија
- Лицето треба да е активен барател на работа
Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 03.08.2022 година до 16.08.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино  кај лицето Кртева Слободанка, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Елена Лазова,  Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Весна Велјанова

 
Во среда (27.07.2022г) ќе се изврши второ прскање против комарци во општина Неготино PDF Печати
  Согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план, Општина Неготино во среда на 27-ми овој месец ќе спроведе активности за второ по ред прскање против комарци. Се информираат жителите дека адултната дезинсекција со машинско прскање поради запрашување од комарци ќе се изврши во среда почнувајќи од 20,00 до 05,00 часот наутро. Се апелира до граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 3/2022 за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино PDF Печати

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за Административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријавата за унапредување на административен  службеник, начинот на спроведување  на административната селекција и интервјуто , како и начинот на бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18), општина Неготино објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 3/2022
за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино

     Општина Неготино објавува интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник  за следното работно место :
1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: ,, Советник инспектор – Овластен комунален инспектор ”
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Одделение за инспекциски надзор – Инспекторат
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА : ИНС 01 01 В01 001
НИВО: В1

ОПШТИ УСЛОВИ :
-    да е државјанин на Република Македонија,   
-    активно да го користи македонскиот јазик,
-    да е полнолетен,
-    да има општа здравствена способност за работното место ,
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
-    решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
-    учење и развој;
-    комуникација;
-    остварување резултати;
-    работење со други/тимска работа;
-    стратешка свест;
-    ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
-    финансиско управување.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
-за нивото В1-ниво на квалификација VIA според Македонската рамка на квалификации стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование;
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-работно искуство и тоа за нивото - В1-најмалку 3(три) години работно искуство по дипломирањето;
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски,француски, германски).

РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:
    -Работни денови: од Понеделник до Петок
    -Работни часови неделно: 40 часа
- Работно  време: од 08:00 часот до 16:00 часот
- Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за називот на работното место изнесува: 26.000,оо денари.

    На интерниот оглас може за да се јави административен службеник вработен во општинската администрација во општина Неготино, кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место, како и:
-    да е оценет со  оценка ,,А” или ,,Б” при оценувањето  во 2021 година,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година прeд објавување на интерниот оглас.

    Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
-потврди за успешно реализирани обуки или
-потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

    Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава  објавена во прилог на интерниот оглас.
    Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Неготино и до службената електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
    Рокот за пријавување изнесува 5(пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на институцијата.
    Условите наведени во  огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во  моментот на  пријавувањето.
    Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино и тоа:
 Фаза 1  -  административна селекција се спроведува  најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите
 Фаза 2  - интервју се спроведува  во рок од 5 (пет) дена  по завршување на фаза 1 админстративна селекција

НАПОМЕНА: Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

Пријава  по интерен оглас 

ИНТЕРЕН ОГЛАС

 
О Д Л У К А За избор на административен службеник по пат на Интерен оглас PDF Печати

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), Секретарот  на општина Неготино во постапка на унапредување на  административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А
  За избор на административен службеник по пат на Интерен оглас

    1.По интерниот оглас бр.02/2022 објавен на ден 17.06.2022 година за унапредување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Одделение за финансиски работи , Сектор за финансиски прашања ,  со назив на работно место – Советник за планирање и извршување на буџет и шифра на работно место : УПР 01 01 В01 000 се избира административниот службеник Марија Нацева.

    2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за распоредување на административниот службеник.

    3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е
    Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.02/2022 година на ден 17.06.2022 година за унапредување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Одделение за финансиски работи , Сектор за финансиски прашања ,  со назив на работно место – Советник за планирање и извршување на буџет и шифра на работно место : УПР 01 01 В01 000. Комисијата за селекција на административен службеник на ден 28.06.2022 година во  10:30 часот спроведе административна селекција по Интерен оглас, при што се утврди дека уредно доставени документи имаше единствениот кандидат Марија Нацева. Истиот ден во 11:00 часот се спроведе и интервју со единствениот кандидат согласно Законот за административни службеници. По спроведеното интервју, Комисијата изготви ранг листа, врз основа на која Секретарот  на општина Неготино изврши избор  како во дипозитивот на оваа одлука.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право  да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата  на институцијата.
 

 О Д Л У К А

 
На 28.06.2022г.(вторник) во Неготино ќе се прска против комарци PDF Печати
   Согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план, Општина Неготино во вторник на 28 овој месец ќе спроведе активности за прскање против комарци. Се информираат жителите дека адултната дезинсекција со машинско прскање поради запрашување од комарци ќе се изврши во вторник почнувајќи од 20,00 до 05,00 часот наутро. Се апелира до граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита. 
 
ЈАВЕН ПОВИК за избор на изработувач на урбанистички план PDF Печати

Врз основа на член 45 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020) , Општина Неготино објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК 
за избор на изработувач на урбанистички план

Општина Неготино објавува јавен повик за изработување на:   
 
1. Измена на урбанистички план вон населено место за лесна индустрија на КП бр. 556 дел, 678 дел, 679, 680, 681 дел, 762, 1000/1 дел, 1006/2 дел и 4178 дел, КО Криволак, КО Црвени Брегови 2, КО Неготино, општина Неготино.

1.Податоци за проектниот опфат:

Предмет на изработка : 
Повеќе...
 
Во четврток (23.06.) трибина на тема „Безбедноста на сите учесници во сообраќајот“ PDF Печати
   Во четврток на 23-ти овој месец во салата за состаноци на општина Неготино со почеток од 19,00 часот ќе се одржи трибина на тема „Безбедноста на сите учесници во сообраќајот на територијата на општина Неготино“. Предвидено е на трибината стручни обраќања да имаат претставници на Секторот за сообраќај при ОВР Неготино. Целта на одржувањето на оваа трибина, но и на наредните кои е предвидено да се одржуваат во иднина, е подигнување на јавната свест и одговорноста за важноста и безбедноста во сообраќајот, проблемите со непрописното паркирање и изнаоѓање начини за надминување на состојбвта, оставањето на возилата на несоодветни места и зафаќање на сообраќајни и јавни површини, движењето на пешаците и нивната безбедност, како и движењето на велосипедите и моторциклите и нивната безбедност. На трибината можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани на кои ќе им се овозможи со презентација на свои размислувања, идеи и предлози да придонесат за подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 2/2022 за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино PDF Печати

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за Административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријавата за унапредување на административен  службеник, начинот на спроведување  на административната селекција и интервјуто , како и начинот на бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18), општина Неготино објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 2/2022
за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино


     Општина Неготино објавува интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник  за следното работно место :
1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Советник за планирање и извршување на буџет
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Одделение за финансиски работи , Сектор за финансиски прашања
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА : УПР 01 01 В01 000
НИВО: В1

ОПШТИ УСЛОВИ :
-    да е државјанин на Република Македонија,   
-    активно да го користи македонскиот јазик,
-    да е полнолетен,
-    да има општа здравствена способност за работното место ,
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
-    решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
-    учење и развој;
-    комуникација;
-    остварување резултати;
-    работење со други/тимска работа;
-    стратешка свест;
-    ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
-    финансиско управување.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
-за нивото В1-ниво на квалификација VIA според Македонската рамка на квалификации стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-работно искуство и тоа за нивото - В1-најмалку 3(три) години работно искуство по дипломирањето;
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски,француски, германски).

РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:
    -Работни денови: од Понеделник до Петок
    -Работни часови неделно: 40 часа
- Работно  време: од 08:00 часот до 16:00 часот
- Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за називот на работното место изнесува: 26.000,оо денари.

    На интерниот оглас може за да се јави административен службеник вработен во општинската администрација во општина Неготино, кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место, како и:
-    да е оценет со  оценка ,,А” или ,,Б” при оценувањето  во 2021 година,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година прeд објавување на интерниот оглас.

    Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
-потврди за успешно реализирани обуки или
-потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

    Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава  објавена во прилог на интерниот оглас.
    Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Неготино и до службената електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
    Рокот за пријавување изнесува 5(пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на институцијата.
    Условите наведени во  огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во  моментот на  пријавувањето.
    Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино и тоа:
 Фаза 1  -  административна селекција се спроведува  најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите
 Фаза 2  - интервју се спроведува  во рок од 5 (пет) дена  по завршување на фаза 1 админстративна селекција

НАПОМЕНА: Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

 Пријава по интерен оглас

 Интерен оглас


 

 
Ќе се спроведе пробен попис на земјоделството во 3 неготински села PDF Печати
    Државниот завод за статистика во периодот од 15 до 30 јуни 2022 година ќе спроведе Пробен попис на земјоделството во избрани населени места по пат на примерок, со тоа што во општина Неготино пописот ќе се спроведе во Долни Дисан, Црвени Брегови и Дуброво. Основната цел на Пробниот попис е да се тестираат методолошките и организациските аспекти на спроведување на главниот попис за земјоделство кој е планиран да се одржи во 2023 година. Методологијата и организацијата на оваа статистичка активност е во согласност со ЕК-регулативата за интегрирани земјоделски статистики и на тој начин ќе се обезбеди продукција на статистички податоци во согласност со европските стандарди. Прибирањето на податоците ќе го направат обучени попишувачи од Државниот завод за статистика со користење таблети во кои е вградена апликација за прибирање податоци. 
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати

Почитувани,
Ве известуваме дека се извршени измени во јавниот повик со број 05-388/3 објавен на ден 02.06.2022 година, новиот текст на измениот јавен повик е објавен на системот е-урбанизам и на веб страната на општина Неготино со број 05-388/5 од 09.06.2022 година, со тоа што рокот за  доставување на понуди е продолжен  до 20.06.2022 година.  

Јавен повик

Известување 

 

 
ОДЛУКА за избор на членови на Локален Младински Совет PDF Печати
Во согласност со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, како и во согласност со одлуката донесена на Советот на Општина Неготино на ден 15.03.2022 година, а по иницијатива поднесена од страна на советникот Стојанчо Атанасов, донесена е статутарна измена за формирање на Локален младински совет.
Согласно со членовите 16, 17 и 18 за формирање на Локален младински совет од Законот за младинско учество и младински политики, се формира Локално собрание на млади со цел конституирање на потребата и давање на иницијатива за понатамошно формирање на Локален младински совет во согласност со Законот.
Локалното собрание на млади заседаваше на 04.06.2022 година и во согласност на присутните членови донесена е

ОДЛУКА
за избор на членови на Локален Младински Совет
По претходно објавениот повик на веб страната на општина Неготино, а донесен од страна на Локалното собрание на млади на 14.05.2022 година, се пријавија 5 (пет) здруженија.
Според член 16, став 4 од Законот за младинско учество и младински политики, бројот на членови на локалните младински совети е непарен и не надминува повеќе од една третина од членовите на Советот на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје но не може да биде помалку од пет лица.
Локалното собрание на млади, според член 18 од од горе-наведениот закон, и со мнозинство гласови ги избра следните лица за членови на Локален Младински Совет:
Пане Камчев, претставник на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – Неготино.

Тијана Стојанова, претставник на Клуб на млади на Општинската организација на Црвен крст – Неготино.

Кристијан Митковски, претставник на политичката партија Левица – Неготино.

Сања Камчева, претставник на Здружение на граѓани „Центар за регионален и одржлив развој“ – Неготино.

Мите Јаначков, претставник на Здружение на граѓани „Ековита“ – Неготино.

Според член 18, став 5 од Законот за младинско учество и младински политики, членовите на локалните младински совети општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се верификуваат од страна на Советот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје по добиена одлука за избор на членови од страна на Собранието на млади на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје
Оваа одлука ќе се објави на веб сајтот на општина Неготино.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 2 од 34