Образование
Проект за развој на граѓанското општество PDF Печати
  Општина Неготино потпиша договор за соработка со невладината организација „ЦИСС“ од Палермо Италија за развој и поголема промоција на граѓанското општество. Проектот се спроведува во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ каде се обучуваат професори за современи методи на настава од областа на граѓанското општество, на неколку семинари организирани од ЦИСС. Исто така дел од професорите ќе имаат можност работно да ја посетат  Италија како дел од проектот. По завршувањето на обуките професорите ќе треба да ги пренесат знаењата на учениците од овој средношколски центар. По завршувањето на обуките исто така ќе се изврши и еден градежен зафат преку овој проект, а истиот ќе биде поставен како приоритет од страна на училиштето.
 
Бесплатен интернет во населените места PDF Печати
   Министерството за информатичко општество и општина Неготино го спроведуваат проектот „Интернет киосци во населените места“. Преку овој проект осум подрачни училишта во нашата општина ќе добијат бесплатен бежичен интернет кои ќе зрачи до 250 метри од подрачните училишта во селата : Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Војшанци. Тремник, Тимјаник, Долни Дисан и Курија. Покрај безжичниот интернет ќе бидат поставени и интернет киосци кои ќе можат да се користат од месното население преку целиот ден и тоа бесплатно. Во моментов се инсталирани и пуштени во употреба киосците во селата Пепелиште и Криволак а до крајот на месецот се очекува да бидат инсталирани и пуштени  во  употреба и останатите интернет киосци.
 
Стратегија за образование PDF Печати
  Образовни политики на општина Неготино
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Лист 5 од 5
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 9 гости присутни