ЛЕР и јавни дејности
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-307 од 28.09.2016 за утврдување на потреба од УСЛУГИ  за  Развој на  прекугранична он-лајн дата база на процедури,производители и производи,Развој на прекугранична е-комерцијална платформа за пчелни производи и подготовка на Водич за пчелни производи- Повик за инвеститори,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 и  АДЕНДУМ бр. 1 на Доворот број IPA2010/DN23657/CN358809  од 06.07.2016 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за УСЛУГИ  за  Развој на  прекугранична он-лајн дата база на процедури,производители и производи,Развој на прекугранична е-комерцијална платформа за пчелни производи и подготовка на Водич за пчелни производи- Повик за инвеститори,,за проектот,,BEE CONOMY”опишано во тендерскaта документација 05-307.

Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 05.10.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД. Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 25.10.2016 до 12.00 часот.Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.

Повеќе...
 
Утре ќе се доделат сертификатите за учесниците на обуките за пчелари PDF Печати

   На 05.10.2016( среда) во периодот од  16.00-18.30 часот во општина Неготино ќе биде организирано доделувањето на сертификати за учесниците во обуките за пчелари почетници и напредни пчелари во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област-BEE CONOMY,,За време  на  настанот во фоајето  на општина Неготино ќе бидат изложени неколку добавувачи на пчеларска опрема кои преку дирекна демонстрација на дел од пчеларската опрема ќе им  помогнат на идните  пчеларите и ќе остварат понатамошни контакти.Во продолжение на настанот на барање на пчеларите од страна на експертите ќе биде извршена презентација за медоносни растенија и на крај ќе бидат доделени сертификатите за сите учесници во обуките со кратка ретроспектива за текот на обуките.Истовремено се планира на сите учесниците да им бидат поделени и едукативни материајли кои беа користени за време на обуките.

Повеќе...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

Во врска со ПОКАНАТА ЗА ПОНУДА објавена на нашата веб страна од 16.08.2016 година во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, за НАБАВКА на заштитна облека за 25 нови пчелари со отпечатено лого на проектот  за работа со пчели за  едукативни потреби  и обезбедување на заштитна облека за едукативни  цели,со детална спецификација во тендерскaта документација,за која беше утврден рок на достaвување на понуди до 23.08.2016 вторник  до 12.00 часот,ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ   дека општина Неготино го продолжува рокот за доставување на понуди до 07.09.2016 (среда) до 12.00 часот. Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.

Повеќе...
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-268 од 22.08.2016 за утврдување на потреба од НАБАВКА( SUPPLY) – НАБАВКИ( SUPPLIES) на опрема за пчелен  парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа, опрема за 25 потенцијални пчелари за проектот,,BEE CONOMY”а во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за НАБАВКА на  НАБАВКИ( SUPPLIES) на опрема за пчелен  парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа, опрема за 25 потенцијални пчелари за проектот,,BEE CONOMY”со детална спецификација во тендерскaта документација.
Набавката е делива
Дел 1: Опрема за пчелниот парк, мобилен едукативен материјал за практични часови во училница и во природа  и опрема за 25 потенцијални пчелари.
Дел 2:Пчелен парк-сигурност( безбедносна опрема за надворешна училница вклучувајќи поставување во пчелниот парк и обука за користење на опремата) и изнајмување на групи пчели за едукативни цели .
Дел 3: Опрема за пчелен парк  (вклучително поставување  на опремата во пчелниот парк)

Повеќе...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

Во врска со отворената покана за поднесување на апликации за обуки за пчеларство ЗА ПОСТОЕЧКИ РЕГИСТРИРАНИ ПЧЕЛАРИ  во општина Неготино , во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област “Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата  Грција-Македонија , кој што повик беше првично објавен  во периодот  од 11.07.2016 до 03.08.2016 ,и согласно НОВИОТ ПОВИК од 12.08.2016 - 22.08.2016,кој покрај за регистрирани беше отворен   и за ДРУГИ  ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ  кои се занимаваат со пчеларство но сеуште не се регистрирале  ,по завршеното пријавување, Комисијата за  пријавување, оценување,селекција и избор на кандидати  за учество во ЦИКЛУСОТ ОБУКИ ЗА ПОСТОЕЧКИ  ПЧЕЛАРИ изврши оценување на пристигнатите апликации .По бодирањето  и постигнатиот ранг општина Неготино, ЈА ОБЈАВУВА ЛИСТАТА СО 25  ИЗБРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ЦИКЛУСОТ ОБУКИ ЗА  ПОСТОЈНИ  ПЧЕЛАРИ. Бодовната листа и рангирањето се достапни на веб страната на општина Неготино и на информативните табли во општина Неготино.

Повеќе...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

Во врска со ПОКАНАТА ЗА ПОНУДА објавена на нашата веб страна од 16.08.2016 година во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, за НАБАВКА на заштитна облека за 25 нови пчелари со отпечатено лого на проектот  за работа со пчели за  едукативни потреби  и обезбедување на заштитна облека за едукативни  цели,со детална спецификација во тендерскaта документација,за која беше утврден рок на достaвување на понуди до 23.08.2016 вторник  до 12.00 часот,ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ   дека општина Неготино го продолжува рокот за доставување на понуди до 31.08.2016( среда) до 12.00 часот. Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.

Повеќе...
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати
 Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-261/1 од 15.08.2016 за утврдување на потреба од НАБАВКА( SUPPLY) - Набавка на заштитна облека за 25 нови пчелари со отпечатено лого на проектот  за работа со пчели за  едукативни потреби  и обезбедување на заштитна облека за едукативни  цели,  за проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за,, Набавка на заштитна облека за 25 нови пчелари со отпечатено лого на проектот  за работа со пчели за  едукативни потреби  и обезбедување на заштитна облека за едукативни  цели  за проектот,со спецификација во тендерскaта документација.
Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 16.08.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде веднаш пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 9 од 21
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 3 гости присутни