ЛЕР и јавни дејности
Презентација на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем PDF Печати

   Во петок, 30ти Март, со почеток во 13 часот, во просториите на Општина Неготино ќе се одржи презентација на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем пред претставници од приватниот сектор во општината. Градоначалникот Делков ќе ја отвори средбата со поздравен говор за соработката на Општина Неготино со приватниот сектор, а потоа претставниците од Проектот ќе ги презентираат нивните активности за поддршка на микро, малите и средните претпријатија. Средбата ќе заврши соотворена дискусијата за потребите на приватниот сектор во Неготино и можностите за соработка со Проектот.
Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, започнат во ноември 2017 година,работи на зголемување на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија преку зајакнување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски. Целта на Проектот е зголемување на продуктивноста и вработувањата во приватниот сектор. Проектот, во своето четиригодишно делување, ќе се фокусира на три заемно поврзани компоненти:
1.    Подобрување на услугите на организациите за деловна поддршка на микро, малите и средните претпријатија;
2.    Подобрување на пристапот до финансии на претпријатијата;
3.    Инвестиции на водечки фирми во развој на работната сила и синџирот на снабдување.
Активностите на Проектот, како и можностите за вклучување на локалните компании, ќе бидат детално објаснети на средбата.

Повеќе...
 
Хуманитарни настани во рамките на „Недела на виното-Св Трифун 2018“ PDF Печати

   Во рамките на годинашнава ,,Недела на виното-Св Трифун 2018,, активно се вклучија и членовите на ПЗ,,Неготински мед,, и ЈУДГ,,Фемо Кулаков,,од Неготино.Заеднички земаа учествуво   во дел од организираните  хуманитарни активности.ПЗ,,Неготински мед,,  донираше одредена количина на мед за подготовка на ,,МЕДЕНИ СРЦА,, колачи подготвени и спаковани од детската градинка,,Фемо Кулков ,,од Неготино.Истите беа продавани од младински волонтери на ОСУ,,Св Кирил и Методиј,,од Неготино за  време  на вечерната забава на Старата градска чаршија на 14.02.2018.Продажбата на ,,МЕДЕНИТЕ СРЦА,,течеше под мотото,,подари со љубов,,.
Покрај овој настан собраните средства од продажбата на чаши за дегустирање на вино на градскиот плоштад, како и  останатите средства собрани за време на настанот организиран на 13.02.2018 со индивидуалните производители на ,,Вранец,,,Раванијада,, и ,,Зелникот од рацете на баба ми,,во манастирскиот комплекс  ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Повеќе...
 
„Вино, љубов, музика“-Св.Трифун 2018г. PDF Печати
  Целодневната програма по повод празникот на лозарите и винарите 14-ти февруари-Свети Трифун во рамките на Неделата на виното финишираше со организирана вечерна забава која се одржа на старата градска чаршија и привлече голем број посетители од различни генерации. Сите присутни во релаксирана атмосфера имаа можност да уживаат во дегустација на вина по промотивни цени, добрата забава и во програмата подготвена од општина Неготино. Медени слатки срца „подари со љубов“, хумористично-поетски анегдоти за виното и љубовта во изведба на ученици од СОУ„Св. Кирил и Методиј“, настапи на познати музички имиња од македонската естрада и многу други изненадувања беа дел од богата програма од настанот „Вино, љубов, музика“. Свој настап пред посетителите имаа Александар Белов, Кристина Арнаудоа, годинашните претставници на Република Македонија на Евровизијата групата „ај кју“, а не изостана ниту добрата музика за помладите генерации присутни на забавата на старата градска чаршија.
Повеќе...
 
Премиерот на РМ Зоран Заев на прославата на Св.Трифун во Неготино PDF Печати

   Претседателот на Владата на Република Македонија  Зоран Заев  придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и советничката за земјоделски политики  Ленче Николовска присуствува во Неготино на централната манифестација од Неделата  на виното која во нашиот град се одржа  по повод традиционалното одбележување на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. Меѓу присутните гости беше и Неговата Екселенција амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние, делегации од збратимените градови Попово и Наѓката, пратеници во Парламентот, градоначалници и други гости кои го исполнија градскиот плоштад и го следеа настанот. Премиерот Заев најпрво оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а веднаш потоа сите присутни се упатија на плоштадот каде што ги посетија поставените штандови, разговараа со граѓаните и дадоа изјава за медиумите. Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Делков истакна дека оваа година беше понуден нов концепт, нови содржини и настани и подобра понуда и услуги водејќи се од визијата Свети Трифун-Неготино да биде вински фестивал вреден за почит, придружен со добра забава за сите генерации и со префинет вкус на традицијата. Неготино, потенцираше Делков, тоа го заслужува бидејќи има одлична местоположба и токму овде се произведуваат најдобрите вина од најдобрите винарии, а тенденција е овој настан да добие комерцијална и додадена вредност и да стане препознатлива стопанско-туристичка манифестација. Свештено лице од МПЦ „Свети Атанасиј“ го изврши обредот на осветување, по што следеше и чинот на симболично закројување на импровизираната лоза. Присутните на плоштадот имаа можност да уживаат во богата културно-уметничка програма со настап на фолклорни друштва и познати имиња од македонската естрада.

Повеќе...
 
Отворена традиционалната копаничарска работилница PDF Печати

   Директорот на Музејот на град Неготино Ристе Марков и претседалот на Советот на општина Неготино Диме Витанов во присуство на заинтересирани граѓани ја прогласија за отворена традиционалната копаничарска изложба која се одржува во рамките на Неделата на виното-Свети Трифун 2018 година. На изложбата со свои дела се претставија членови на Здружението „Стари занаети“ од Неготино кои предизвикаа интерес кај посетителите кои со внимание ги проследија изложените дела. Во знак на благодарност за вложениот труд при изработката на делата и организацијата на настанот, претседателот на Советот на општината Диме Витанов на копаничарите учесници им додели благодарници.

Повеќе...
 
„Ден на вранецот 2018г" во манастирот Св. Ѓорѓи PDF Печати
   Во присуство на голем број посетители од нашата општина и гости од земјава и странство меѓу кои заменик министерот за земјоделство Благе Цветковиќ, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, гости од збратимените градови Наѓката-Унгарија и Попово-Бугарија, сопственици на винарии, претставници на Факултетот за туризам од Гевгелија и многу други присутни, денеска во манастирот Свети Ѓорѓи се одржа настанот Ден на вранецот на кој се дегустираше едно од најавтохтоните неготински и македонски вина „вранец". Присутните гости ги поздрави и настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Инаку, настанот беше поделен во два дела и тоа првиот промотивно, дегустационен и хуманитарен настан Ден на вранецот со вина од индивидуални производители збогатен со „раванијада" и „зелникот од рацете на баба ми", а вториот Мастер клас за виното „вранец" со учество на винарии од општина Неготино и регионот. На сите учесници кои денеска се претставија со вино „вранец" градоначалникот Делков им додели благодарници.
Повеќе...
 
Театарска претстава и ликовна колонија по повод „Св.Трифун" PDF Печати

    Центарот за култура „Ацо Ѓорчев" беше домаќин на два настани од Неделата на виното. Прво претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов ја отвори ликовната колонија на која со свои дела се претставија ликовни уметници од нашата општина, а нивниот труд беше валоризиран со добивање благодарници и рекламен материјал. Малку подоцна се одржа театарската претстава „Вино, грозје и љубов" со учество на 15-тина штитеници и волонтери од дневниот центар Порака од Неготино.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 21
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 3 гости присутни