ЛЕР и јавни дејности
Обезбедени околу 16.700.000 денари во општина Неготино за развој на вински, апи и еко туризам PDF Печати

  На 9-ти овој месец  преку  Единицата за спроведување на Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност одобрен  е под-проектот со наслов „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“. Под-проектот е   финансиран од ЕУ  и администриран преку Светска Банка. За истиот обезбедени се приближно 14.000.000 денари грант и околу 2.700.000 денари сопствено учество на општина Неготино . Со реализацијата на проектот се предвидува разубавување и овозможување поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции и поставување автентични обележја. Со проектот двата влеза и излеза во и од Неготино ќе добијат нов и модерен изглед преку уредување на  жардинериите ,поставување патна сигнализација, нова урбана опрема од типот на клупи, корпи за отпадоци,контењери, уредување на подрумскиот дел во ТИЦ„Желкова куќа“ во т.н. винска архива ,поставување на инфо-тач постојка,поставување летниковци со лозов насад и  други автентични обележја.Проектот предвидува и адаптација на старата училишна зграда во с. Вешје во современ едукативен, туристички и промотивен Апи центар за развој на пчеларството и партнерно и хортикултурно доуредување на постојниот пчелен парк. Со проектот ќе се изврши поправка на постојната  и набавка на нова саемска опрема за промоција и организирање на вински и други  стопанско туристички настани во општина Неготино. По потпишувањето на договорот со Единицата за спроведување на Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност се отпочнува со спроведување на постапките околу планираните набавки за  изведбените и другите проектни  активности на неколку локации во општината.

Повеќе...
 
Европски ден на соработка во општина Неготино PDF Печати

    Годинава по 7-ми пат се одбележува Европскиот Ден на соработка со поддршка од ИНТЕРЕЕГ-ИПА ЦБЦ програмата и Министерството за локална самоуправа. За оваа цел, општина Неготино е вклучена во промотивната кампања по повод Европскиот ден со различни активности кои ќе се одвиваат на отворен простор. Настаните ќе се случуваат во петок на 5-ти Октомври во периодот од 10 до 12 часот на различни локации, а учество во истите ќе земат Општина Неготино, ЈКП Комуналец, ОСУ Св. Кирил и Методиј, ООУ Гоце Делчев,  Здружение на лица со посебни потреби Порака и Пчеларското здружение Неготински мед. Во рамките на активностите, општина Неготино преку промотивен штанд пред зградата на локалната самоуправа ќе дистрибуира флаери со информации за достапните фондови на ЕУ во разни области, а ќе се поделат и промотивни материјали од предходно реализирани проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција. Комуналец ќе спроведе акција „Заедно до почист град“, во ООУ Гоце Делчев настап ќе има мобилна пеачка група кои ќе ги посетат и останатите групи вклучени во активностите, групата од ОСУ Св. Кирил и Методиј ќе настапи низ „Креативност до Европска соработка“ во дворот на гимназијата, од Порака ќе учествуваат со креативна работилница на ракотворби, а Пчеларското здружение Неготински мед ќе се води под мотото „Преку соработка до развиено пчеларство со Европски стандарди и тоа низ практична примена на мобилна показна опрема за пчеларство директно во просториите на Здружението и во пчелниот парк во с. Вешје. Министерството за локална самоуправа за сите учесници обезбеди маички со логото „Заедно ја сликаме иднината“.

Повеќе...
 
Проект,,Генерација Европа,,Програма Европа за граѓаните 2014-2020 PDF Печати

   Делегација од општина Неготино составена од општинска администрација, јавни установи , образовни институции и бизнис сектор присуствуваше во  Р.Бугарија во рамките на проектните активности во периодот од 9-14 Септември,2018 година.Проектните активности се случуваа помеѓу општина Неготино и збратимената општина Попово од Р.Бугарија, како и помеѓу општината Евротас од Р.Грција.Во рамките на проектот покрај официјалните обраќања на сите 3 општини, секој општина посебно се претстави со презентација согласно проектните цели.
Во рамките на посетата беа организирани разни посети на културно-историски знаменитости, во околината на Попово,  беа направени студиски посети на ботаничката градина Балчик ,посета на тврдината Калиакра и беа разгледани можностите за воспоставување на идни деловни врски помеѓу трите општини.Посебно разговори за можностите за идна взаемна соработка направија градоначалниците од трите општини на заедничката работна вечера,при што посебно се разговарше за искуствата кои овие општини ги имаат и кои може да се аплицираат во иднина во заеднички проекти  кои се од важност и интерес за општините Неготино, Попово и Евротас.

EU for citizens

 
Општина Неготино има потреба од невработени лица за Програмата општинско корисна работа PDF Печати

   Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, објавен е јавен оглас за пријавување на  евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата општинско - корисна работа.
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Продолжување на функционирањето на игралните во руралните средини и воведување на нови иновативни социјални услуги за деца со посебни потреби вклучени во образовниот процес”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 
Оглас за пријавување семејства- домаќини на волонтери PDF Печати

   И оваа година Мировен корпус има потреба од семејства-домаќини кои би сакале да прифатат волонтер/ка во периодот од 29.09.2018 до 08.12.2018. Заинтересираните семејства можат да пополнат формулар во општината во Неготино во канцеларијата за Локален економски развој на  3ти спрат, бр.26 или, пак, да се обратат кај лицето за односи со семејствата-домаќини Кристина Ангелевска од Мировен корпус на следната електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Брошура

Апликација

 
Ј А В Е Н О Г Л А С до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Печати

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

                                                                          Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
                                                                                            до
                                                      евидентирани невработени лица за вклучување во
                                                             Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Продолжување на функционирањето на игралните во руралните средини и воведување на нови иновативни социјални услуги за деца со посебни потреби вклучени во образовниот процес”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Повеќе...
 
Во Неготино презентација на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем PDF Печати

   Во присуство на голем број претставници на бизнис-секторот од општина Неготино, претставници на УСАИД, на Министерството за економија и други заинтересирани, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков го отвори настанот на кој се изврши презентација на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Според градоначалникот Делков, проектот во своето делување се фокусира на 3 взаемно поврзани компоненти и тоа:-подобрување на услугите на организациите за деловна поддршка на микро, малите и средните претпријатија, подобрување на пристапот до финансии на претпријатијата и инвестиции на водечките фирми во развојот на работната сила и синџирот на снабдување. Првиот човек на општината апелираше до претставниците на бизнис-секторот да се вклучат во отворената дискусија, да се произнесат со свои предлози и мислења и да вложат напори да остварат бенефит за фирмите кои ги претставуваат со користење средства и услуги од самиот проект. Претставничката на УСАИД Марија Танасовска-менаџер за пристап до финансии и Дејан Јаневски-менаџер за пазарни врски во своите излагања истакнаа дека станува збор за проект кој е започнат во 2017г. и ќе трае 4 години со вкупен буџет од 6,2 милиони долари и преку истиот се работи на зголемување на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија преку зајакнување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски со приоритетна цел зголемување на продуктивноста и вработувања во приватниот сектор. Претставниците на Министерството за економија се осврнаа на општествената одговорност на компаниите, а настанот беше заокружен со отворена дискусија на која беа истакнати потребите на приватниот сектор од општина Неготино и разгледување на можностите за остварување потенцијална соработка и користење на бенефитите од самиот проект.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 4 од 21
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 1 гостин присутни