ЛЕР и јавни дејности
Реализран проектен настан во Кампулунг –Романија од 05-10,07,2011 PDF Печати

   Во рамките на проектот,,Мрежа за спорт, култура и туризам,,преку програмата Европа за граѓаните , мерката ,,Мрежа на збратимени градови каде што општина Неготино е партнерска општина заедно со општина Берово, општина Кампулунг-Романија, општина –Повијат Трзебница-Полска, Две Могили-Бугарија и Попово-Бугарија како носител на проектот,во периодот од 5-10 јули 2011 беше организиран  петиот (5)по ред настан  со тема:
Интернационален Еко туризам и култура- Важни фактори за Регионален Европски Развој”.

Повеќе...
 
ЈАВНА РАСПРАВА ПО ДОКУМЕНТОТ-ЛЕАП PDF Печати
Во врска со проектот ,,Меѓуопштинска база на податоци за управување со животната средина и мониторинг, апдејтирање и печатење на ажуриран ЛЕАП ( Локален Еколошки Акционен План) за општините Неготино и Демир Капија, поддржан од УНДП-МОС, на ден 25.03.2011(петок) година со почеток во 12:00 часот ќе биде одржана јавна расправа за документот ЛЕАП.
Документ е поставен на јавен увид на веб страницата на општина Неготино во категоријата ЛЕР и Јавни дејности каде можат да се доставуваат предлози за дополнување и Ваши мислења по однос на истиот или дирекно за време на јавната расправа која ќе се одржи во големата сала на општина Неготино.
Презентацијата ќе ја изврши Адвисент ДООЕЛ, кој во изминатиот период заедно со локалната група во рамките на проектот и пошироко работеше на мониторинг, апдејтирање и ажурирање на постојниот документ.
 
Анкетен лист за ажурирање на ЛЕАП-от PDF Печати

Општина Неготино во изминатите 5 месеци го спроведува проектот за меѓуопштинска соработка со општина Демир Капија:
Проект УНДП-МОС “Меѓуопштинска база на податоци за управување со животната средина и мониторинг,абдејтирање и печатење на ажуриран ЛЕАП(Локален Еколошки Акционен План) за општините Неготино и Демир Капија„
Бидејќи се наоѓаме во фазата на мониторинг, абдејтирање и ажурирање на постојниот ЛЕАП за општина Неготино планирана е анкета на примерок од 700 испитаници.

Во тој правец вашата помош ќе ни биде од огромно значење доколку добиеме повратна информација и ваше мислење по однос на одредени прашања кои ќе бидат предмет на натамошна анализа.
Пополнетите анкети може да ги доставите назад во општината во: Одделението за развој на трети спрат или на емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Истите анкети може да ги добиеме назад до понеделник:07.03.2011г.

 
Меѓуопштинска соработка Неготино - Демир Капија PDF Печати

   Започна реализација на проектот „Меѓуопштинска база на податоци за управување со животната средина и мониторинг, абдејтување и печатење на ажуриран ЛЕАП за општините Неготино и Демир Капија„
Согласно повикот за аплицирање на проектите од програмата за меѓуопштинска соработка- МОЦ на УНДП, општините Неготино и Демир Капија преку оделението за развој на општина Неготино на 15 Септември2010 година аплицира со проектот „ Меѓуопштинска база на податоци за управување со животната средина и мониторинг, абдејтување и печатење на ажуриран ЛЕАП за општините Неготино и Демир Капија„. Проектот е во делот на животната средина и истиот е одобрен од УНДП. Договорот за отпочнување на проектот го потпишаа градоначалниците на двете општини на 15 октомври 2010. Согласно овој договор од донаторот УНДП обезбедени се 500.000 денари кои ке се користат за спроведување на проектните активности за двете општини во две фази.
Исто така во рамките на проектот двете општини прифатија да учествуваат со 35.950 денари во добра и услуги и по 17.000 денари финансиски средства.

Повеќе...
 
РАБОТИЛНИЦА ЗА ИПА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО ГРЦИЈА PDF Печати

    Раководителот на одделението за Локален економски развој во општина Неготино Лолита Ристова присуствуваше на средба ИНТЕРРЕГ IV во Солун –Работилница за првиот повик за ИПА прекугранична соработка Грција-Македонија 2007-2013 што се одржа на 15-ти јули 2010.

Средбата се оствари во два дела.Воведни говори имаа:

Еврo амабасадорот за Македонија Ерван Фуере, а од Грчката страна претставници од Министерството за Економија и претставници на Управувачката канцеларија за техничка помош за прекугранична соработка.

 

Повеќе...
 
Проекти PDF Печати
  Проекти аплицирани и реализирани 2009-2010
 
Развој на Вардарскиот регион PDF Печати

   Изработено со подршка од:

Програмата за развој на Обединетите Нации UNDP Македонија

Програма за развој на Вардарскиот плански регион
 
Повеќе Артикли...
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 20 од 21
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 6 гости присутни