Културна Програма
Во Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ изложба на капитални книжевни дела PDF Печати
   Во рамките на реализацијата на традиционалната манифестација Топол културен бран 2014, за неготинската и пошироката јавност во Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ – Неготино во деновите од 27-ми до 31-ви август ќе бидат изложени капитални дела од колекцијата „Sвезди на светската книжевност“. Како што информираше директорката Катарина Данаилова, станува збор за колекција која претставува една од најзначајните цивилизациски придобивки, со што пак македонскиот духовен простор се збогатува со врвните остварувања од светската книжевна ризница. Се покануваат сите заинтересирани граѓани да ја посетат изложбата и на најдиректен начин да се запознаат со изложените дела кои се составен дел од колекцијата.
 
Ликовна изложба на академскиот сликар Драган Хаџи Николов - Аџи PDF Печати
  Во рамките на втората фаза од манифестацијата “Топол културен бран 2014” организирана и финансирана  од Општина Неготино и Министерството за култура, во петок 22 август во 20 часот во изложбениот простор на Музејот на град Неготино ќе биде отворена изложбата “Етно приказни” на акдемскиот сликар Драган Хаџи Николов - Аџи од Гевгелија. Ќе бидат изложени 30-тина дела масло на платно создавани неколку години од страна на авторот, при што во делата на Хаџи-Николов доминира мртвата природа со етномотиви, предмети кои во минатото имале употреблива вредност, а сега претставуваат артефакти. Инаку досега, авторот има остварено триесеттина самостојни изложби во земјава и странство, а учествувал и на повеќе групни изложби и колонии.
Во рамките на манифестацијата “Топол културен бран 2014” во месец август ќе бидат реализирани уште три културни настани со кои ќе биде заокружено овогодинешното издание:
- од 25 до 29 август, во кино салата на НУЦК “Ацо Ѓорчев” љубителите на филмот од нашата општина ќе имаат можност да проследат Ревија на пет македонски играни филмови;
- на 27 август, со почеток од 12 часот во градската библиотека во Неготино ќе биде отворена изложбата “Ѕвезди на светската книжевност“ проследена со петско читање и литературен перформанс;
- на 31 август, со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад, ќе се одржи Ликовен хепенинг во организација на галерија АРТ-М од Неготино.
Инаку претходно, во рамките на првата фаза од манифестацијата, љубителите на театарот од Неготино имаа можност да ја проследат урнебесната комедија “Жена ми се вика Борис” во изведба на театарот од Демир Капија.

Повеќе...
 
ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2014 PDF Печати

Во рамките на седмото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура, на 31 јули (четврток) со почеток од 20.00 часот во салата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде прикажана урнебесната театарска комедија “Жена ми се вика Борис” во изведба на аматерскиот театар од Демир Капија.

Општина Неготино е меѓу 25-те општини во државата во која што Министерството за култура ја поддржа оваа манифестација, која ќе продолжи и во месец август, со реализација на следните културни настани:
- 22 август, со почеток од 21 часот во изложбениот салон на Музејот на град Неготино ќе биде отворена Ликовната изложба на академскиот сликар Драги Хаџи Николов – Аџи;
- секој ден од 25 до 29 август, во кино салата на НУЦК “Ацо Ѓорчев” со почеток од 20.30 часот љубителите на филмот од нашата општина ќе имаат можност да погледнат пет македонски играни филмови;
- 31 август, со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад, ќе се одржи Ликовен хепенинг во организација на галерија АРТ-М од Неготино.
 

 
Тони Лазов победник на градското првенство во шах PDF Печати
   Сите седум кола од третото по ред веќе традиционално  градско првенство во шах што го организираа општина Неготино и  ШК Неготино донесоа интересни и неизвесни мечеви, а со освоени 6,5 поени првото место го освои младиот Тони Лазов кому градоначалникот Ванчо Апостолов му ја врачи првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место со ист број поени и наградата од 4.000 денари ги освои Санде Атанасов, додека третопласиран со награда од 3.000 беше Киро Камчев. 2.000 денари за четвртото место му припаднаа на Филип Пушкинов, а петопласиран беше и награда од 1.000 денари освои Павле Давчев. За најдобар ветеран на возраст од над 60 години беше прогласен Блажо Добринов кој доби 1.000 денари, додека за најдобар млад учесник под 18 години беше прогласен Диме Аврамов кој исто така доби награда од 1.000 денари. Градоначалникот Апостолов при доделувањето на наградите на сите учесници им честиташе за успешниот настап и прикажаните интересни мечеви и вети дека до година отвореното градско првенство во шах на Неготино ќе биде подигнато на уште повисоко ниво.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 2 од 11
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 1 гостин присутни