Културна Програма
ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2012 PDF Печати

   Во рамките на петтото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, на 26 јули (четврток) со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи “Вечер на афоризми” со учество на десетина реномирани афористичари од државата. Во рамките на истата манифестација на 27 јули (петок) со почеток од 21 часот во кино салата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде прикажан големиот светски филмски хит “Невозможна мисија 4” со Том Круз во главната улога.
Општина Неготино ќе биде една од дваесетте општини во државата во која што ќе се одржи оваа манифестација. Во втората фаза од истата, на 23 август со почеток од 21 часот ќе биде прикажан светскиот филмски хит “Фокерови” со Роберт де Ниро и Бен Стилер во главните улоги, на 29 август на градскиот плоштад со почеток од 21 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да го проследат концертот на националниот ансамбл “Танец”, а на 31 август ќе биде реализирана изложбата на слики на академскиот сликар Ристе Соколов, со музичка придружба на Пламенка Трајковска - виолина.

Повеќе...
 
Хит театарска претстава “НИ ВАМУ НИ ТАМУ” PDF Печати

   Во организација на општина Неготино, а во рамките на програмата за култура, во чест на одбележувањето на Денот на културата, на 7 јуни (четврток) со почеток од 20.00 часот, ќе биде одиграна хит театарската претстава “Ни ваму, ни таму”. Жанрот на оваа претстава е урнебесна комедија со тематика од современиот живот. Инаку оваа комедија е моментален хит во Македонија со преку 20 изведби за само неколку месеци од премиерата, а истата е учесник и на реномираниот театарски фестивал “Војдан Чернодрински 2012”. Кратко сиже на претставата....Двајца Македонци, едниот иселеник, а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот“. Кој, кај, што било, како ќе биде...Овде било вака, таму онака...Расправии - до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де озбилна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот...Автор на претставата е Бојан Трифуновски, а играат Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Никола Крумев и др. Одлична можност за сите љубители на театарската уметност: четврток, 7 јуни, 20.00 часот, Центар за култура “Ацо Ѓорчев” - Неготино.                                  Влезот за претставата е бесплатен.

 

 
Традиционален фудбалски турнир “Вардарови петлиња 2012” PDF Печати
  Во организација на општина Неготино и ГФК “Вардар”, оваа година традиционално по петнаесeтти пат ќе се одржи турнирот во фудбал за млади категории (генерација 1999/2000 година) “Вардарови петлиња”. На турнирот ќе земат учество младите надежи на најреномираните фудбалски колективи од Македонија, односно:
“Вардар” – Скопје,
“Пелистер” – Битола,
“Металург” – Скопје,
Фудбалска Академија “Пандев” - Струмица,
“11 Октомври” – Прилеп
 “Вардар” – Неготино.
Турнирот започнува на 9 јуни (сабота) со почеток од 9.00 часот на градскиот стадион во Неготино, а истиот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Неготино г-нот Пане Трајков.
 
Заврши отвореното првенство на Неготино во шах PDF Печати

   На 29 мај (вторник) со доделувањето на наградите за најуспешните учесници, заврши Првото отворено првенство на Неготино во шах во организација на општина Неготино и градскиот шаховски клуб “Неготино”. Наградите во вкупен фонд од 17.000 денари на најуспешните им ги додели градоначалникот на општина Неготино, г-нот Пане Трајков кој беше и покровител на оваа манифестација. Инаку на првенството зедоа учество вкупно 23 напреварувчи кои 5 дена од 25 до 29 мај, одиграа вкупно 9 кола по т.н. “швајцарски систем”. Победник на првото отворено првенство на Неготино во шах е Санде Атанасов кој од можни 9 освои 8 поени, а на второто место се пласираше дванаесетгодишниот исклучително талентиран Тони Лазов, кој освои 7,5 поени. На највозрасниот и најмладиот учесник им беа доделени благодарници за учество на Првото првенство на Неготино во шах.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 7 од 11
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 4 гости присутни