Културна Програма
Конкурс за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности во 2014 година PDF Печати
Во функција на унапредување на состојбите во ликовната дејност во нашата држава, ве информираме дека Министерството за култура денеска во средствата за јавно информирање објави Конкурс за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности во 2014 година. Конкурсот ќе трае до 31 јануари 2014 година, а е објавен и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).
Конкурсот можете да го најдете на:
http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/1110-konkurs-za-otkup-na-umetnicki-dela-od-oblasta-na-vizuelnite-umetnosti-vo-2014-godina
 
СЕ ОДРЖА ТУРНИР ВО ТЕНИС-БОВИН НЕГОТИНО ОПЕН 2013 PDF Печати

   На тениските терени во Неготино се одржа традиционалниот тениски турнир БОВИН НЕГОТИНО ОПЕН за мажи и девојки. Во конкуренција на девојки настапија 5 тенисерки три од Кавадарци и две од Неготино. Кај девојките најуспешна беше Росана Милкова од Кавадарци која во финалето беше подобра од својата сограѓанка Верица Крстева по победата од 2-0 по сетови 6-3, 6-2.
Кај мажите настапија 23 тенисери, по тројца од Кочани, Гевгелија и Скопје, а останатите од Тенискиот клуб НЕГОТИНО. Младиот Кире Лазов од Неготино приреди вистинска сензација на турнирот совладувајќи ги постарите тенисери од Неготино (Кире Чаушев и Александар Богевски досегашни трократни освојувачи на овој турнир) по долги и исцрпувачки борби во три сета. Во финалето младиот Кире го постигна најзначајниот резултат во својата кариера по победата над поискусниот Павле Јованов од Неготино (досегашен двоен освојувач на турнирот) со 2-1 по сетови 3-6, 6-2 и 7-5. Покровител на традиционалниот тениски турнир е  реномирана винарија БОВИН од Неготино. Раководител на турнирот беше познатиот тениски ентузијаст од Неготино Александар Јованов–Аџи. На финалните натпревари кои се одржаа во неделата попладне присуствуваше и Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој ги додели пехарите на победниците и другите спортски награди на полуфиналистите. Турнирот се одржа на четирите земјени во Неготино кои се сопственост на општина Неготино која финансиски ги покрива трошоците за одржување на истите и со тоа создава услови за одржување и развивање на квалитетот на тенисот во Неготино кој е познат ширум државата.

Повеќе...
 
ЕКИПАТА НА С.О.С ПОБЕДНИК НА УЛИЧНИОТ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во изминатите три дена на градскиот плоштад во Неготино во присуство на голем број љубители на спортот се одиграа натпреварите од 5-иот по ред традиционален ноќен турнир во улична кошарка што го организираа локалната самоуправа и Кошаркарскиот клуб Неготино, а на кој учество зедоа над 20 пријавени екипи кои се натпреваруваат во повеќе категории. Синоќа со одогрувањето на натпреварите за трето и за прво место беа познати и победниците, па така во финалниот натпревар во најинтересната категорија за машки над 18 години победник е екипата на С.О.С која во финалниот натпревар ја совлада екипата на Либерта со резултат 15-10 и сосема заслужено го освои првото место. Исто така, се одиграа и натпреварите за пласман и во категоријата ,, петлиња ,, женски до 18 и машки до 18 годишна возраст. Наградите на најуспешните им ги додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на кошаркарите им се заблагодари на масовното учество и им честита за квалитетот на прикажаната игра, додавајќи оти сите овие моменти се пресудни идната година нивото на  овој традиционален турнир да биде подигнато на уште повисоко ниво.

Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО СЕ ОДРЖУВА ТУРНИР ВО УЛИЧНА КОШАРКА PDF Печати

  Во организација на локалната самоуправа и Кошаркарскиот клуб Неготино на градскиот плоштад започна одржувањето на 5-иот по ред традиционален турнир во  улична кошарка кој предизвика огромен интерес кај љубителите на овој спорт. На овогодишниот турнир учествуваат над 20 екипи кои се натпреваруваат во 3 категории – во женска конкуренција, машки под 18 и машки екипи над 18 годишна возраст кои натпреварите ги одигруваат по предходно утврден распоред од страна на организаторите. Турнирот ќе трае три дена, за регуларноста на натпреварите се грижат двајца кошаркарски судии, а финалните натпревари по кои ќе бидат познати најдобрите екипи ќе се одиграат во вторник. Турнирот во име на организаторот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите екипи им посака успех во натпреварите притоа информирајќи дека за најдобрите во трите категории се обезбедени вредни награди.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 4 од 11
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 4 гости присутни