КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеЗаврши обуката за 50 пчелари. |
There are no translations available. Во рамките на реализацијата на проектот „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област кој е финансисран преку ИПА-ЦБЦ програмата Македонија-Грција се одржа завршната едукативна сесија по што на 50 пчелари од кои 25 постојни и 25 нови пчелари од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на пригодна свеченост им беа доделени соодветни сертификати. Апостолов информираше дека покрај овој, со со обезбедените средства е предвидена реализација на проект за изградба на патна инфраструктура на патот Горни Дисан-Вешје во должина од 400 метри. Што се однесува до проектот за обука на пчеларите, обуките се спроведоа во 2 циклуси со времетраење од 70 часови и истите ги реализираа стручни лица од Факултетот за земјоделие и храна. По завршувањето на обуките, пчеларите почетници кои добија сертификати ќе добијат и опрема и ќе имаат обврска да се регистрираат како индивидуалци или претпријатие за производство на мед и други пчелни производи. |