НОВ ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ ЗА ЦИКЛУС ОБУКИ –ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ PDF Печати

Општина Неготино објавува НОВ ПОВИК ЗА ЦИКЛУС ОБУКИ –ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ за сите кои се заинтерсирани да учествуваат во обуки за пчелaрство ( училиште за пчелари) што ќе се имплементира во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област “Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата  Грција-Македонија

Обуките ќе се спроведуваат во соработка со О3 ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје и ќе опфатат:
ЦИКЛУСОТ ОБУКИ –ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ е наменет за 25 учесници од постојните пчелари во општина Неготино .Обуките за постојните пчелари ќе опфатат постапки за максимизирање на  производството на мед, производство на други методи и користење на другите пчелни продукти за зголемување на вредноста на медот.  Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците август -септември 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.

ЗА ЦИКЛУСОТ ОБУКИ –ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ при оценувањето првенствено ќе бидат земени во предвид сите оние кои се пријавиле во повикот кој траеше од 11.07.-03.08.2016.Сите ПОСТОЈНИ РЕГИСТРИРАНИ ПЧЕЛАРИ кои дополнително се заинтересирани се добредојдени во текот на пријавувањето со новиот повик од 12.08.2016 - 22.08.2016 .Доколку не се пополни потребниот број ( 25) со ПОСТОЈНИ-РЕГИСТРИРАНИ  пчелари ќе бидат земени во предвид  и други пријавени заинтересирани кандидати кои имаат базични познавања од пчеларство и кои се занимаваат со пчеларство но сеуште не се регистрирале, при што времето на нивното аплицирање ќе биде земено исто така во предвид.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Пополнување :Анекс 1а-Апликација за обука на постојни пчелари.
1.Во прилог на апликацијата за обуките за постојни пчелари се доставува доказ од ПЕ на МЗШВ Неготино ( Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС )дека апликантот е регистриран пчелар во Неготино или ДРД образец доколку апликантот доаѓа од правно лице кое е производител на пчелни производи
 2.Ако апликантот не е регистриран пчелар но се бави со пчеларство како  дополнителна дејност треба да достави доказ од имотен лист или договор за закуп и фотографија од местото на локацијата на пчелните семејства со кои располага во моментот на пријавувањето.

Апликација за обука на постојни пчелари 

 
Сите заинтересирани кандидати може да подигнат апликации од општина Неготино достапни во  проектната канцеларија за локален економски развој на 3 спрат или дирекно од веб страната на општина Неготино. Огласот е во времетраење од 10 работни дена во периодот од 12.08-22.08.2016. Краен датум за поднесување на апликациите и пропратната документација и за двата циклуса е 22.08.2016 (понеделник) до 16.00 часот.Апликациите се поднесуваат во општина Неготино во  проектната канцеларија за локален економски развој на 3 спрат секој ден од 08:00-16:00 часот  .
Процесот на селекција е поделен на две фази. Првата фаза е проверка на административната усогласеност на апликантот со административните критериуми, а втората фаза е квантитативна оценка на апликантот.Времето на доставување на апликациите може да биде земено исто така во предвид. Селекцијата на учесниците ќе се врши од страна на Комисија за селекција. Комисијата е составена од 5 члена: Претседател, секретар и тројца оценувачи.Секој апликант ќе биде оценуван од 1 оценувач.
Процесот на оценување, селекција и избор на кандидатите ќе се врши во период од 22.08.-24.08.2016, по што ќе следува информирање на селектираните кандидати и за ЦИКЛУСОТ  ОБУКИ –ПОСТОЈНИ ПЧЕЛАРИ
Важни напомени:
•    Обуките  се бесплатни.
•    Секој учесник ќе добие бесплатни едукативни материјали за обуките  и сертификат за учество на крајот од обуките
•    За време на обуките потребно е редовно присуство на кандидатите за што ќе биде водена редовна евиденција од стана на обучувачите
•    Обуките ќе се спроведуваат во простор обезбеден од општина Неготино
•    За време на теренските посети и практичните часови во општина Неготино превозот е обврска на самите кандидати. За сите теренски посети надвор од општина Неготино транспортните трошоци ќе бидат покриени од страна на проектот.
•    Апликациите  се примаат во општина Неготино до 12.08-22.08.2016 до 16.00 часот.
•    Сите апликации пристигнати по наведениот термин ќе бидат одбиени, доколку рокот за аплицирање не биде продолжен.
•    Точен распоред и времетраење на обуките ќе биде дополнително објавен до сите избрани кандидати .
•    Во рамките на проектот, од страна на ангажираните консултанти ќе бидат спроведени едукација ,консултации, менторирање, ќе бидат спроведени 3 ревизии на постојни претпријатија и ќе бидат изработени 3 бизнис планови .
Дополнителни Информации
Општина Неготино
Проектна канцеларија
Одделение за локален економски развој( 3 спрат)
Телефон: 043-361-045 лок.123   E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 11 гости присутни