Преку проект од ИПА програмата општина Неготино ќе го развива пчеларството PDF Печати

   Со одржувањето на првиот информативен состанок, во Неготино започна обуката за 25 млади пчелари која е дел од проект „ Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ кој преку ИПА програмата заеднички го спроведуваат општините Неготино и Алмопија. Самата програма има за цел да го развие пчеларството и пчелните производи во поширокото локално подрачје во двете општини, бидејќи пчеларството е сектор кој дава бројни можности за бизнис.  На почетокот беше извршена презентација на проектот за присутните, а свое обраќање имаа и стручните лица кои ќе ја реализираат обуката од ОЗ ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје кои на идните пчелари им ги појаснија текот и содржината на обуките, предлог-распоредот за одржување на истите, местото на одржување, а сето тоа содржано во 70 часови обука. Инаку, општина Неготино информира дека рокот за пријавување на 25 напредни пчелари кои веќе се занимаваат со пчелно производство е продолжен до 22-ри овој месец до кога сите заинтересирани ќе можат да се пријават во Одделението за локален економски развој. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на сите учесници им посака успешно завршување на обуката и искористување на можноста за започнување на сопствен бизнис преку одгледување на пчели и пчелно производство и обезбедување лична или семејна егзистенција, што впрочем е и основната цел на овој проект.

 

   

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 5 гости присутни