Кошаркарски клуб “Неготино” PDF Печати

  Кошаркарскиот клуб “Неготино” е формиран во 1979 година. Иницијатор за формирање на клубот и прв тренер бил Костадин Јовановиќ. Од самото формирање до денес клубот го носи името Кошаркарски клуб “Неготино”, со исклучок на сезоната 2005/06 кога клубот настапува под името “Дрога Колинска Неготино”
Најдобри резултати: Во сезоната 2003/04 освоено второто место во Втората Македонска лига и обезбеден пласман во Првата Македонска лига во која клубот настапува во сезоната 2004/05.

Најдобриот резултат во Kошаркарскиот Куп на Македонија е остварен во 2006 година кога “КК Неготино” се пласира во ¼ финалето од ова силно натпреварување.

Најдобрата генерација, која ги постигна најдобрите резултати на клубот ја сочинуваат кошаркарите Сашо Илов, Игор Панев, Влатко Михајлов, Игор Шарац, Петар Неделков и други, кои потекнуваат од кошаркарската школа на КК “Неготино”.

Во тековната сезона 2009/2010 КК “Неготино” се натпреварува во Втората Македонска кошаркарска лига. Тренер на екипата е Мирослав Златески, а претседател на клубот е Драган Христов

Во тековната сезона клубот брои 54 членови.

КК “Неготино” своите натпревари на домашен терен ги игра во СРЦ ”Младост”, каде е поддржан од навивачката група “Винари” од Неготино.