Водовод во дисан PDF Печати
 Во селото Долни Дисан интензивно се одвиваат работите околу поставувањето на водоводната мрежа и обезбедувањето дополнителни количини вода за пиење за потребите на жителите на селото кои посебно во летниот период се соочуваат со драстичен недостиг од течноста што живот значи. Станува збор за проект вреден 4 милиони денари од кои 2,5 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, додека 1,5 милион денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

      Со комплетното завршување на проектот, покрај постоечките 3 литри вода во секунда со кои располагаат дисанци, ќе се обезбедат дополнителни 5,5 до 6 литри вода во секунда, што според зборовите на познавачите на состојбите ќе придонесе за целосно задоволување на потребите од вода за пиење за сите жители на селото, а сувите чешми посебно во летниот период, ќе бидат минато за жителите на Долни Дисан.