Работилница ЗЕЛС - Битола PDF Печати
   Претставници од Одделението за локален економски развој при општина Неготино зедоа активно учество на втората работилница за стратегиско планирање на ЗЕЛС што се одржа во Битола, а која беше организирана од Заедницата на единиците на локална самоуправа на РМ со поддршка од УСАИД. Најнапред пред присутните беше презентиран прегледот на резултатите од првата работилница и беа конституирани оперативните тимови, по што на истите им беше претставена  методологијата на работа на работилницата.
   На работилницата се направи осврт и беа утврдени предлог – стратегиските дестинации, беше претставен концептот и развојот на алатките за стратегиско планирање – балансирани СКОР картички, а учесниците работеа и на стратегиско акциско планирање за една од утврдените стратегиски дестинации, по што следеше пленарна презентација и дискусија, како и работа врз стратегиското акциско планирање за останатите стратегиски дестинации. На вториот ден од работилницата се одржа пленарна презентација и дискусија за прогресот во работата на оперативните тимови, беше финализирана работата врз стратегиското акциско планирање за останатите стратегиски дестинации, а беше реализирана и пленарна презентација и дискусија по работата на оперативните тимови. Документот за стратегиско планирање наскоро ќе се најде на разгледување и усвојување пред Управниот одбор на ЗЕЛС, по што ќе следува негова презентација по општините во земјава.