КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеНаградени иновациите на ученици од Неготино |
Ученици од Неготино ги покажаа своите иновативни способности за што добија и вредни награди на младинското креативно творештво на саемот “Макинова 2013”, кој се одржа во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ. , информираше денес претседателот на Здружението на граѓани “Ековита” од Неготино, Сашко Тодоров. Седмоодделенецот Филип Пушкинов со експонатот “Хидрауличен багер” освои еден златен медал, две златни плакети и парична награда. Кристина Тодорова, средношколка од прва година во средното општинско училиште “Свети Кирил и Методиј” освои златен медал за експонатот “Производство на храна од инсекти”. Раде Коцев доби златен медал за експонатот “Рециклажа на отпад од фарма”, а сребрен медал за експонатот “Еколошка рам пумпа” доби Мите Мелов, двајцата од трета година во истото средно училиште. Сите четворица добија и пофалници за млади иноватори конструктори како и годишна претплата на списанието за наука и техника “Емитер”, рече Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани „Еко Вита“ од Неготино.Бронзен медал и парична награда за млад иноватор од Друштвото за заштита на интелектуална сопственост Берин Скопје за експонатот “Конвексно огледало-соларен шпорет” доби Ѓорѓи Јованов, ученик во трета година во “Свети Кирил и Методиј”.На саемот учествуваа 31 ученик од цела Македонија со свои проекти.“Ековита” даде техничка поддршка за реализација на наградените проекти.
|