ДЕН НА ВРАНЕЦОТ ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ЃОРЃИ” PDF Печати
   Во рамките на одржувањето на петдневната стопанско – туристичка манифестација „Недела на виното” во чест на весркиот празник „Св.Трифун” во просториите на манастирот „Св. Ѓорѓи” и оваа година се одржа Ден на вранецот. Домаќините – свештените лица од МПЦ „Св. Атанасиј”  се погрижија и овој настан да се одвива во одлична атмосфера на задоволство на многубројните посетители кои пристигнаа во манастирот.

 

 

Винарските визби кои се одзваа на поканата да изложат вина од сортата „Вранец” на присутните им овозможија да дегустираат вино од една од најафтохтоните сорти грозје од ова поднебје вранец – кратошија. Настанот го отвори и пригодно обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, а за значењето и квалитети на виното „вранец” од стручен аспек обраќање имаше Блаже Петков – енолог во винаријата  „Пивка” . Во пријатна и релаксирана атмосфера присутните имаа можност да уживаат во вината „вранец” произведени во неготинските винарии.