ОСТАНАТИ НАСТАНИ ПО ПОВОД „СВ. ТРИФУН” PDF Печати
  Манифестацијата „Недела на виното – 2010” и оваа година беше организирана од страна на локалната самоуправа – Неготино, Советот на општината и градоначалникот Пане Трајков, а во соработка со приватните винарии, Здружението на граѓани Витис, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев” потоа угостителските објекти од општинава, а година сопствен придонес даде и АД „ Стопанска банка” - Скопје.

 

Покрај активностите за кои погоре имавте можност подетално да се информирате, Здружението на лозари Витис во салата на општината организираше неколку стручни предавања и советувања од областа на лозарството, во Музејот на град Неготино се одржа Меѓуопштинска изложба на ликовни творби на ученици на тема ,, Св.Трифун ,, исто така се одржа и традиционалната копаничарска изложба на Здружението на граѓани ,, Стари занаети ,, како и прекрасниот концерт под наслов ,, Вино, љубов, музика ,, на кој се претставија членовите на Тамбурашкиот оркестар при КУД ,, Добреч ,, од општина Чрномељ кои со својот настап и изведби ја одушевија присутната публика. Накратко, пет дена за времетраењето на одбележувањето на „Св.Трифун” граѓаните на општина Неготино и многубројните гости од земјава и странство имаа можност да проследат голем број активности кои се реализираа во рамките на ,, Неделата на виното ,, .