НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ВИНО И РАКИЈА PDF Печати
     Во рамките на манифестацијата ,, Недела на виното ,, меѓу другите активности, од страна на стручна комисија составена од енолози од винарските визби се изврши дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални лозаропроизводители од општина Неготино. Според зборовите на Ѓоко Данаилов – претседател на ЗГ ,, Витис ,, и оваа, како и предходните години, за дегустација биле понудени одлични вина и ракии, а последниот збор околу квалитетот на истите го имаа членовите на стручната комисија.
 
Според нивните оценки, во категоријата црвени вина првото место му припадна на виното на производителот Коле Мицев, второ место Ванчо Темов и трето место црвеното вино на Тони Шкортов. Во категоријата бели вина, за најквалитетно беше прогласено виното произведено од Илија Тасев, второ место Стојче Стојанов и третопласирано беше белото вино на Ванчо Темов. Во категоријата ракии за најдобра беше прогласена ракијата на Ванчо Кабранов, второто место го освои Миланчо Андов, а третопласирана беше ракијата на Лазо Дојчинов. На најуспешните признанијата и пригодните награди им беа врачени во рамките на ,, Мини – саемот на вино ,, што се одржа во хотелот Парк, а наградите ги доделија Евроамбасадорот во РМ – Ерван Фуере, претставникот на ЕУ за земјоделство во земјава Џон Баркер и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. За време одржувањето на саемото присутните посетители кои ги имаше во голем број имаа можност да пробаат од изложените квалитетни вина произведени во неготинските винарии.