КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеУчилиштето „Гоце Делчев“ од Неготино доби интерактивна табла |
ООУ„Гоце Делчев “ од Неготино доби интерактивна табла која ќе се користи за применување на современите техники и методи во наставата. Министерството за образование и наука преку успешна соработка со Македонски Телеком АД -Скопје во процесот на унапредување на образовните процеси во земјата, даде силна поддршка на проектот „Компјутер за секое дете “ како и поддршка преку обезбедување на интернет конекција во училиштата во Република Македонија. Во таа насока Македонски телеком започна со постапка за набавка на интерактивни електронски табли. Министерството за образование и наука изготви посебни критериуми врз основа на кои училиштата аплицираа за добивање на интерактивна табла. Оваа нова технологија наречена „Паметна табла“ е аудио – визуелна алатка со која значително ќе се зголеми интерактивноста во наставниот процес, дизајнирана е така да го олесни учењето преку зголемена интеракција и развивање на нови технолошки вештини на учениците Професорите и наставниците, но и сите други кои се дел од образовниот процес ќе можат слободно да создаваат содржини со кои ќе ги збогатат своите предавања и ќе им дадат повеќе знаење на децата и подобро ќе ги подготват за нивните предизвици во иднината. |