КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ PDF Печати

     Градоначалникот и Советот на општина Неготино, преку Комисијата за јавни дејности ги известуваат сите активни спортски клубови, здруженија на граѓани и невладини организации од општината, дека најдоцна до 15 ноември 2009 година до 16.00 часот, во Општинскиот Услужен Центар треба да ги достават следните документи:

 

1.            План и програма за 2010 година со финансиска конструкција

2.            Извештај за реализирани проекти и активности за изминатите 3 години

3.            Тековна состојба за 2009 година (од Централен регистар)

 

  Сите заинтресирани спортски клубови, здруженија на граѓани и невладини организации со доставувањето на овие документи до општината ќе можат да го остварат свето право на добивање на финансиска поддршка од Буџетот на општина Неготино.

 

   Комплетната документација мора да биде доставена во предвидениот рок, со цел истата да биде навреме разгледана од Комисијата за јавни дејности и Советот на Општина Неготино да донесе одлука за соодветно распределување на предвидените финансиски средства.

   Документите кои ќе бидат доставени после предвидениот рок, нема да бидат земени во предвид и нема да бидат разгледувани.

 

   За подетални информации, заинтересираните может да се обратат во Општинскиот Услужен Центар, кој е сместен во приземјето на општинската зграда