Во Неготино ќе се одржи вториот Саем на социјални претпријатија во ВПР PDF Печати
  Неготино ќе биде домаќин на вториот регионален Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион кој го организира регионалниот Центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на ВПР и проектот „Поддршка за социјалните претпријатија“. Саемот ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино на 6-ти овој месец (четврток) со почеток од 11ч. и на истиот сите присутни ќе имаат можност да ги погледнат презентациите на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на 20-тина социјални претпријатија од регионот и невладините организации кои  се занимаваат со некоја економска активност. На саемот ќе се презентираат и можностите за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување соодветна поддршка. Проектот е поддржан од Европската унија, реализиран од Ептиса во конзорциум со Барка и Екорис во соработка со Министерството за труд и социјална политика и е од отворен карактер, така што саемот можат да го посетат сите заинтересирани граѓани.