Амбасадорот на Франција Бомгартнер во работна посета на Неготино PDF Печати

Неговата екселенција амбасадорот на Република Франција во Македонија Сирил Бомгартнер оствари работна посета на Неготино во чии рамки остваривме заедничка средба во просториите на локалната самоуправа на која разговаравме на теми поврзани со унапредувањето на активностите за заживување на наставата по француски јазик во двете основни и средното училиште во општина Неготино. Во рамките на посетата, со амбасадорот Бомгартнер престојувавме во ООУ„Гоце Делчев“ кое е дел од регионалниот проект за заживување на наставата по француски јазик во образовните системи во земјите од Западен Балкан. За потребите на учениците од ООУ„Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ амбасадорот донираше интерактивна смарт табла која беше ставена во функција и која позитивно ќе влијае врз бројни аспекти во однос на учењето и развојот на учениците. Во знак на благодарност за донацијата од име на училиштето, учениците од 8-мо и 9-то одделение изведоа кратка пригодна програма.