Спектакуларен настап на Црвена Јабука во Неготино PDF Печати
   Синоќа (18.09.) на градскиот плоштад во Неготино се одржа традиционалната “Неготинска музичка вечер 2022”, на која настапија познати имиња од македонската и балканската музичка сцена. Увертира во одличната музичка вечер беше настапот на Бојана Скендеровски, која настапи со неколку свои и хитови од други македонски изведувачи, а веднаш по неа присутната публика на градскиот плоштад имаше можност да ги слушне извонредните ДНК, кои со својот енергичен настап направија одлична забава за присутната публика на градскиот плоштад.
Богатата програма на овогодинешното издание на Неготинската музичка вечер ја затвори легендарниот сараевски бенд Црвена Јабука како кулминација на најпосетениот музички настан во Неготино во последните неколку децении. Вонвременските хитови на овој бенд беа испеани во еден глас од сите генерации присутни на градскиот плоштад во Неготино. Настанот беше масовно посетен и од граѓаните на многу други општини, на особено задоволство на организаторот и учесниците во програмата.