Денес (05.09.) започнува првиот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев” PDF Печати

Со претставата “Кислород” на Народниот театар од Битола која е работена според текст на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ денес во 19.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” започнува првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”. Билетите по цена од 100 денари може да се купат во трафиката “Корзо” пред Центарот за култура, книжарницата “Бонига” (стара градска чаршија) и преку ONLINE билети: teatraprovokacija.mk и zlatenzab.mk.
Претставата “Кислород” е всушност поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе, кои пораснаа заглавени во транзиција и продолжија да живеат во дивиот капитализам, што беше резултат на истата таа транзиција. Во претставата играат Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов.
Пред одигрувањето на претставата ќе биде свечено отворено првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”, а во наредните денови следуваат уште четири претстави кои се дел од програмата на фестивалот кој има натпреварувачки карактер, а најдобрите учесници на истиот ќе бидат прогласени од страна на жири комисија на затварањето во петок, 9 септември.

Програма на фестивалот:

05.09.2022 од 19:30 во Центар за култура „АЦО ЃОРЧЕВ“
„КИСЛОРОД“
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола

06.09.2022 од 19:30  во КАФЕ БАР “АМАРО”
„АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје

06.09.2022  од 21:00  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ОЖЕНИ МЕ“
ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје

07.09 од 19:30  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
“ГРЕТА”
ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје

08.09.2022 од 19:30 во Центар за култура „АЦО ЃОРЧЕВ“
“МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ”
СЦЕНА МАСКА, Р.Србија

09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
19:30  ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
20:00  STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)