„Појадок со новинари“ во Музејот на град Неготино PDF Печати
   Настанот „Појадок со новинари“ кој се одржа во просториите на Музеј на град Неготино, е дел од меѓународниот проект “The Melting Pot“ поддржан од Еразмус + програмата во кој Сојуз за младинска работа и Музеј На Град Неготино од Македонија се партнери заедно со НАПОР-Национална асоцијација за младински работници, Галерија Матица Српска од Србија, Мрежа Младих и ПОГОН-Загребски центар за независна култура од Хрватска.
Информирање на новинарите и пошироката публика за резултатите од истражувањето за тоа колку институциите за култура се отворени за младите и колку ги задоволуваат потребите на младите луѓе во полето култура но и за заинтересираноста на младите да бидат дел од настаните како учесници и креатори на продукти и програми во областа култура беше основната причина за настанот „Појадок со новинари“ кој се одржа во Музејот во Неготино. На настанот презентацијата беше од страна на претставници од Сојузот за младински работници од Скопје, Драгана Митровиќ за резултатите од проектот и Ѓорѓи Лазов за реализираните четиримесечни едукативни работилници одржани и реализирани со дваесетина младинци од Неготино и Кавадарци во Музеј на град Неготино од јануари до мај 2022 година.