Општина Неготино ќе додели финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче PDF Печати
 На последната (вонредна) седница на Советот на општината беше донесена одлука на сите запишани ученици во прво одделение, општина Неготино да им додели еднократен паричен износ од 3.000 денари како своевидна помош за родителите во овие изострени економски услови за живеење за купување на училишен прибор на почетокот на учебната година. Според податоците, паричен надоместок ќе добијат вкупно 193 првооделенци од општината, од кои 104 запишани во ООУ„Страшо Пинџур“ заедно со подрачните училишта и 89 во ООУ„Гоце Делчев“ со подрачните училишта. Изготвувањето на решенијата е при крај и во најскоро време на трансакциските сметки на родителите на првачињата ќе бидат префрлени по 3.000 денари од општина Неготино. Исто така, се реализираше и иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк АД Скопје која како општествено-одговорна компанија ги поддржува првачињата, посакувајќи им среќен почеток со подарок училишен прибор и Бонтон.
СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА НА СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС !