Доделени 40 ваучери за новороденчиња во општина Неготино PDF Печати

   Согласно годишниот план за исплата на средства, денеска во просториите на локалната самоуправа на 40 родители кои во изминатиот период добиле новороденчиња им ги доделив вредносните ваучери од 7.000 денари како поддршка од општина Неготино. На сите им ги честитав приновите во семејството и им посакав многу здравје и среќа. Наредната исплата на ваучерите предвидено е да се реализира во месец септември.