Спортско – културно лето 2022 продолжува со турнирот во улична кошарка “Street ball 2022” PDF Печати
   По завршувањето на меморијалниот турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов”, манифестацијата Спортско-културно лето - Неготино 2022, која ја реализира општина Неготино заедно со бројни граѓани, здруженија, установи и спортски колективи од општината, продолжува со одржувањето на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street ball 2022” кој по двегодишна пауза повторно се враќа на градскиот плоштад во Неготино. Овој спортски настан кој во изминатите години го привлекуваше вниманието на граѓаните од општината и пошироко, ќе се одржи во периодот од 23 до 25 август на градскиот плоштад, со цел да понуди добра кошарка, многу музика, одлична забава и уживање за посетителите.
Во тек е пријавувањето на екипите за учество на турнирот, а истото може да се направи на телефонските броеви 076/808-560 и 078/341-931. Екипите пријавуваат вкупно 4 играчи, а истите во зависност од возраста и полот ќе бидат класифицирани во три конкуренции: машка (сениорска и јуниорска) и женска конкуренција. Општина Неготино обезбеди богат награден фонд за најдобрите екипи и поединци на турнирот.