Подготовки за новата учебна година во ООУ Гоце Делчев Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во ООУ Гоце Делчев во нашиот град интензивно се одвиваат подготовките за успешен старт на новата учебна година во која во училишните клупи во централното и подрачните училишта настава ќе следат околу 810 ученици. Како што информира директорката Елена Стојанова во моментов се врши комплетно обелување на централното училиште, по што ќе се обелат и подрачните училишта. Исто така се работи и на подготовка на кабинетот по техничко образование, како и други тековни активности.