Подготовки за новата учебна година во ООУ Гоце Делчев Неготино PDF Печати

   Во ООУ Гоце Делчев во нашиот град интензивно се одвиваат подготовките за успешен старт на новата учебна година во која во училишните клупи во централното и подрачните училишта настава ќе следат околу 810 ученици. Како што информира директорката Елена Стојанова во моментов се врши комплетно обелување на централното училиште, по што ќе се обелат и подрачните училишта. Исто така се работи и на подготовка на кабинетот по техничко образование, како и други тековни активности.