Саниран дефектот на водоводната линија Г. Дисан-Вешје PDF Print
There are no translations available.

  Поради свлечиште на земјиште, дојде до оштетување на водоводната линија од која со вода за пиење се снабдуваат жителите на селата Горни Дисан и Вешје. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на општина Неготино и ЈП Комуналец дефектот е отстранет за рекордно кратко време со што жителите на овие две села имаат нормално и редовно водоснабдување, посебно во летниот период со високи температури. Додека траеше санацијата, месното население беше снабдувано со вода со помош на ТППЕ Неготино.