Сите дечиња од Тремник ќе бидат згрижени во градинка PDF Печати

   Во тек се активности за реновирање на новиот, просторно далеку поголем од постоечкиот, објект на детската градинка во селото Тремник. Како што информира директорката на градинката „Фемо Кулаков“ од Неготино Нада Најдова, станува збор за реновирање и оспособување за престој на дечиња во простории со поголема површина од досегашната, со што пак ќе се создадат услови за згрижување на сите дечиња од Тремник, без листи за чекање. Исто така, директорката Најдова додава дека од денеска (1-ви август) во функција се ставени новите реновирани занимални во клонот „Мајски цвет“, со што дечињата кои привремено престојуваа во клонот „Темјанушка“ за време траењето на реновирањето, повторно се згрижени во „Мајски цвет“.