Во среда (27.07.2022г) ќе се изврши второ прскање против комарци во општина Неготино PDF Печати
  Согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план, Општина Неготино во среда на 27-ми овој месец ќе спроведе активности за второ по ред прскање против комарци. Се информираат жителите дека адултната дезинсекција со машинско прскање поради запрашување од комарци ќе се изврши во среда почнувајќи од 20,00 до 05,00 часот наутро. Се апелира до граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.