Започна санација на ударните дупки на улици во Неготино PDF Печати

  Работници на градежното претпријатие Градба промет од Кавадарци со асистенција на претставници на стручните служби на општина Неготино од денеска започнаа со активности за санација на ударните дупки на улиците во Неготино. Ќе бидат опфатени сите улици на кои се регистрирани оштетувања, а ќе се постапува и по пријавите од граѓани на Моја патрола. Активностите започнаа со гребење на асфалтот на улиците на кои има ударни дупки, по што следува нивно асфалтирање. Се очекува овие активности да се одвиваат во наредните 15 денови.