Со 6.000.000 денари се реконструира ул„Браќа Миладинови“ и санација на ударни дупки на улици PDF Печати

  Со средства во висина од 6 милиони денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино денеска се започна со градежни активности за комплетна реконструкција и асфалтирање на улицата „Браќа Миладинови“ во должина од околу 250 метри, а паралелно ќе се одвиваат активности  за санирање на ударни дупки на улиците во цел град каде што се регистрирани поголеми оштетувања. Според проектот, на ул „Браќа Миладинови“ предвидено е да се врши ископ, тампонирање, поставување на нови бетонски рабници и финално асфалтирање на целата улица. Исто така, во зависност од динамиката на изведување на работите, паралелно ќе се пристапи и кон санирање на ударните дупки на улиците во Неготино. Изведувач на градежните работи е фирмата „Градба промет“, а надзорот го врши „Павер трејд“ од Кавадарци.