Советот на општина Неготино со благодарница до гарнизонот Криволак PDF Печати

  Претставници на Советот на општина Неготино остварија работна средба со претставници на Армискиот полигон Криволак на која се разговараше за досегашните реализирани заеднички активности во интерес на граѓаните на општина Неготино, како и за интензивирање на соработката во наредниот период. На иницијатива на советникот во општинскиот Совет Зоран Стојанов заедно со претседателката на Советот на општина Неготино Роза Јаневска, средбата беше искористена за доделување на благодарница на Гарнизонот Криволак за успешната соработка која му беше врачена на командантот на АП Криволак потполковник Здравко Пејовски. Присутните на средбата ја искажаа подготвеноста соработката помеѓу Советот и Гарнизонот Криволак да продолжи и понатаму, на задоволство и во интерес на сите граѓани на општина Неготино.