Општина Неготино со иницијатива за спас на браната Липа PDF Печати
  Како градоначалник на општина Неготино во соработка со стручните служби при локалната самоуправа покренавме иницијатива за спас на браната Липа на која се регистрирани сериозни оштетувања. За таа цел, деновиве се одржа координативен состанок на кој беа утврдени насоките за дејствување, а на кој присуствуваа претставници на изведувачот на работите Стентон градба, на надзорниот орган ДООЕЛ Столб од Битола и двајца еминентни професори од Градежниот факултет во Скопје Милорад  Јовановски и Предраг Миливојевиќ. На состанокот беше договорено комплетната документација за браната Липа да се достави до Градежниот факултет за да може да се изготви соодветно решение за санирање на оштетувањата и повторно ставање на браната во функција во интерес на земјоделците кои користат вода за наводнување на земјоделските површини во тој реон, како и за потенцијал развој на руралниот туризам.