Се започна со асфалтирање на улицата во Курија во должина од 531 метри PDF Печати
  По завршувањето на неопходните градежни активности, денеска се започна со асфалтирање на улицата во село Курија во должина од 531 метри. Имено, општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој ( Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот  при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2. Изведувач на работите е Градба промет Кавадарци, а за надзорот е задолжена фирмата Павел трејд ДООЕЛ Кавадарци.