Започна Градското првенство во шах „Неготино-2022“ PDF Печати
   Посакувајќи им успех на сите учесници на натпреварувањето со желби да победи најдобриот, го прогласив за отворено Градското првенство на Неготино во шах за 2022 година кое се одржува по 3 години пауза и на кое учествуваат околу 30 шахисти-аматери од општина Неготино. Првенството се одржува во просториите на ТИЦ„Желкова куќа“ и ќе се игра швајцарски систем од 9 или 7 кола во зависност од бројот на пријавените учесници со темпо на игра од 30 минути по партија. Се очекува првенството да заврши до престојниот викенд кога ќе биде познат победникот на Градското првенство во шах, по што како градоначалник на општина Неготино заедно со претставник на коорганизаторот на турнирот Градскиот шаховски клуб „Неготино“ ќе ги доделиме наградите чиј фонд изнесува 25.000 денари и тоа за најдобро пласираните, најдобриот млад шахист, најдобриот шахист сениор и најдобрата шахистка. Сите заинтересирани мечевите можат да ги следат секој ден од 18,00 до 20,00 часот.