До 30-ти овој месец на АП Криволак ќе се реализира обука и гаѓања PDF Печати
Со цел за информирање на јавноста, а заради безбедно извршување на планираните обука и гаѓања на Армискиот полигон Криволак кои ќе се изведуваат во периодот до 30-ти април, им се соопштува на месното население од општините кои гравитираат околу воениот полигон дека во повеќе реони на истиот ќе се извршува обука и гаѓања. Токму затоа, потенцираат од Командата на полигонот, во споменатиот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока на овој потег, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или убојни средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е населението истите да ги одбележат и да се известат надлежните органи од АП Криволак или Полициската станица-Неготино. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, како и обезбедени со физичко обезбедување.